Новиот АК-12 се подготвува за извоз: за новата автоматска пушка заинтересирани бројни купувачи

Министерство за одбрана на РФ
Поради големиот интерес на странски купувачи за набавка на новата автоматска пушка АК-12, рускиот концерн „Калашников“ од наредната година ќе почне со реализација на првите договори за извоз. Врз база на автоматската пушка АК-12, која од 2018 година се наоѓа во вооружувањето на руската армија, можат да се произведат различни верзии на стрелечко оружје со разен калибар и намена. Ова оружје покрај стандардната воена верзија ќе има и своја цивилна варијанта.

Ова за веб-порталот РИА „Новости“ го изјави генералниот директор на концернот „Калашников“ Дмитриј Тарасов. Првите контингенти автоматски пушки АК-12 ќе можат да ги набават земјите од поблиското руско опкружување. Во овој момент не е прецизирано кои држави ќе ги купат новите автоматски пушки АК-12. Според Тарасов, неговата компанија ги исполнила сите свои обврски за оваа година пред руското Министерство за одбрана кога е во прашање испорака на автоматски пушки АК-12 за потребите на оперативните единици на руската армија. Компанијата во наредниот период ќе насочи дел од производството и кон реализација на комерцијалните зделки кои сé повеќе се натрупуваат.

Врз база на автоматската пушка АК-12, која од 2018 година се наоѓа во вооружувањето на руската армија, можат да се произведат различни верзии на стрелечко оружје со разен калибар и намена. Ова оружје покрај стандардната воена верзија ќе има и своја цивилна варијанта, пренесува веб-порталот РГ.

Автоматската пушка АК-12 користи муниција со калибар 5,45 милиметри. За разлика од претходните модели, новата пушка има унапредена ергономија и интегрирана Пикатини шина, така што на неа можат да се монтираат различни оптички нишани. Различни тактички додатоци, како што се вертикален држач, лампа и ласерски нишан исто така можат да се додадат на оружјето. Пушката има и нова „проѕирна“ рамка, така што војниците сега можат да видат колку куршуми им останале, како и склоплив прилагодлив кундак кој ја зголемува прецизноста во ограничен простор. На АК-12 ќе може да се монтира потцевен фрлач на гранати со калибар 40 мм. Масата на АК-12 изнесува 3,2 кг, без стандардната рамка наполнета со муниција. Брзината на стрелба е 700 куршуми во минута. Оружјето е во состојба да погоди мета со големина на човек на далечина и до 1000 метри.

Погледнете повеќе: Руски пушки: Тестирање на АК-12

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња