Најголемите недостатоци на прочуениот автомат „Калашников“

AFP
Најпопуларната автоматска пушка на светот „Калашников“ АК-47, направена е во 100 милиони примероци и стасана е во речиси секој агол од планетата, но и таа има свои недостатоци.

Платформата за стрелечкото вооружување АК стана популарна во светот благодарение на својата сигурност и на едноставноста во производството. Денес во светот има околу 100 милиони примероци од автоматот „Калашников“. Се користи во вооружените структури на 55 земји. Оваа статистика е само за официјално регистрираните примероци, без да се сметаат неавторизираните копии. Ова оружје може да се види во рацете на герилците или на борците за независност во земјите од третиот свет.

Популарно е и во светот на криминалот. На пример, припадниците на латиноамериканските наркокатртели му го имаат дадено прекарот „cuerno de chivo“ („јарешки рог“, најверојатно поради обликот на рамката со муниција).

Сепак, дури и едно толку популарно оружје има свои недостатоци кои ги наведуваме во продолжението на текстов.

Тресење

Главна конкуренција на „Калашников“ се американскиот AR-15 и германскиот H&K 416. Тие се подобри од рускиот модел пред сè поради значително помалото тресење.

H&K 416 во холандска служба

„Тресењето на платформата AR-15 е неколку пати помало одошто кај АК. Кундакот така легнува на рамото што тресењето се амортизира, а автоматот мошне помалку потскокнува во рацете за време на пукањето. Едноставно кажано, стрелецот не мора да го враќа нишанот во претходната позиција, ами отвора рафален оган во една иста точка“, вели за Russia Beyond активен припадник на една вооружена формација во РФ кој сакаше да остане анонимен.

Според него ова е еден од главните недостатоци на автоматот АК во споредба со конкуренцијата.

Можност за прилагодување на опремата

„Странците“ во овој поглед се поедноставни, смета припадникот на Спецназ.

AR15

„Стрелецот секогаш сака да го прилагоди оружјето на своите потреби. Но, кај Калашников тоа е тешко да се направи одошто кај AR зашто странските автоматски пушки имаат мошне поголем избор на кундаци, дршка, нишан и сето останато одошто кај автоматите од руско производство. Затоа мораме да се задоволиме со она што го имаме на располагање“, додава нашиот соговорник.

Според него, особено важен детаљ кај прилагодувањето на оружјето е орозот. „Механизмот на орозот е нешто слично на мотор и менувач во автомобилот. Колку е помал 'празниот од на квачилото на гасот' и колку што моторот е чувствителен на овој потег, толку е полесно и поефикасно да се бори во судир“, додава тој.

Густина на огнот

„Странците“ се подобри од рускиот модел АК-47 и кога станува збор за густината на огнот.

Припадник на единицата Falls SWAT тренира гаѓање на стрелиштето на правосудните органи, 14 март 2013 година.

„Јуџин Стоунер (американски конструктор и творец на автоматската пушка М16) ја продолжи цевката на својот автомат за попрецизно да ги гаѓа целите на поголема оддалеченост. Покрај тоа, избра сосема поинаков куршум од помал калибар (1.56 милиметри, додека АК-47 има калибар од 7.62 милиметри) за да ја зголеми прецизноста. По тој пат тргнаа и Русите, но дури во текот на седумдесеттите години од минатиот век, кога го направија АК-74“, вели за Russia Beyond професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Според него, месниот куршум М16 излетува од цевката со брзина од 900 метри во секунда, без да губи кинетичка енергија и балистика на летот.

АК-47

Со тврдењето поврзано за густината на огнот се сложува и припадникот на специјалните единици. Според него, за борба на поголема оддалеченост (600-700 метри) рускиот Спецназ со поголемо задоволство ја избира американската автоматска пушка.

И покрај трите објективни недостатоци на рускиот „Калашников“, овој автомат има многу добри страни благодарение на кои се прослави во целиот свет. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња