Повеќецевниот ракетен лансер „Торнадо-С“ пристигнува во руската армија кон крајот на 2027 година

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот повеќецевен ракетен лансер со крупен калибар „Торнадо-С“ со подобрени карактеристики, предвиден за повеќе различни видови ракети на млазен погон, доаѓа како замена за сегашниот систем „Смерч“ и застарениот „Ураган“. Тоа ќе се случи кон крајот на 2027 година.

Покрај тоа, повеќецевниот ракетен лансер со среден калибар „Торнадо-Г“ со автоматизиран систем за наведување на целта се воведува место застарениот систем „Град“. Ова во весникот „Црвена ѕвезда“ (Красная звезда) во пресрет на професионалниот празник на артилериските и ракетните единици го соопшти началникот на ракетните сили и артилеријата на Вооружените сили на Русија генерал-потполковник Михаил Матвеевски.

Генералот додаде дека современите повеќецевни лансери „Торнадо“ не се обично средство за уништување објекти, туку високопрецизни системи со наведувани ракети на млазен погон кои уништуваат важни непријателски објекти на големи растојанија.

Модерна „Катјуша“ за војната на 21. век: Што претставува „Торнадо-Г“?