Пред Путин практично демонстрирани предностите на новата муниција за ПРЛ 9К51М „Торнадо-Г“

Wikipedia
Руската армија првпат употреби ракети со одвоиви боеви глави кои користат стабилизирачки падобран при вертикалниот пад врз својата цел. На овој начин значително се зголемува убојната моќ на оваа муниција при борба против засолнети непријателски цели.

Руската војска првпат примени артилериски ракети вооружени со одвоиви боеви глави. Новата муниција беше употребена на стратешката воена вежба „Кавказ-2020“ и лансирана од модернизираните повеќецевни ракетни лансери 9К51М „Торнадо-Г“ (воен полигон Капустин Јар/ Астрахањска област). Со новиот тип муниција беше запознаен и претседателот на РФ Владимир Путин, кој ја набљудуваше оваа вежба.

„Првпат употребивме артилериска ракета со одвоива боева глава, која користи стабилизирачки падобран при вертикалниот пад врз својата цел. На овој начин значително се зголемува убојната моќ на оваа муниција при борба против засолнети непријателски цели“, наведуваат од руското Министерство за одбрана, пренесува веб-порталот ТАСС.

При демонстрацијата на новата муниција беа ангажирани три артилериско-ракетни дивизиони кои во своето вооружување имаат модернизирани повеќецевни ракетни лансери 9К51М „Торнадо-Г“.

9К51М „Торнадо-Г“ е руски модернизиран повеќецевен ракетен фрлач. Основните разлики во однос на основната верзија 9К51 „Град“ се однесуваат на далеку поквалитетно решениот систем за управување со огнот поврзан со сателитска навигација и компјутер кој ги пресметува балистичките влезни податоци за гаѓање, што овозможува значително скратување на подготовката за напад која се одвива во автоматски режим на работа. Модернизираното орудие 9К51М „Торнадо-Г“ ќе добие и нова муниција со калибар 122 мм, која е дури 6-10 пати поефикасна во однос на стандардните ракети 9М22У кои ги користи овој систем. Вкупно се направени три типа муниција за модернизираниот ВБР 9К51М „Торнадо-Г“. Моделите на новата муниција беа претставени на саемот на вооружување и воена опрема „Армија-2018“.

Стратешката воена вежба „Кавказ-2020“ беше реализирана од 21 до 26 септември на територијата на Јужниот воен округ и акваторијата на Црното и Каспиското море. Со целата вежба командуваше началникот на Генералштабот на руската армија, генерал на армија Валериј Герасимов. Според првичните податоци, во вежбата беа ангажирани околу 80 илјади луѓе, вклучувајќи и трупи кои доаѓаат од Министерството за вонредни состојби на РФ и Росгвардија. Покрај тоа, во вежбата учествуваа и околу 1000 странски војници (од Ерменија, Белорусија, Кина, Иран, Мјанмар и Пакистан) со јачина на две баталјонско-тактички групи.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња