Гаѓање со балистичка ракета на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“ на полигон.
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressТелевизијата „Ѕвезда“ објави импресивна видеоснимка од лансирање на „Искандери“ во Астрахањската област. Со ракетирањето раководеше началникот на Ракетните сили и артилеријата на Вооружените сили на РФ, генерал-потполковник Михаил Матвеевски.
На маневрите беше увежбувано префрлување на системите од транспортна во борбена позиција. Во откривањето на условните цели помогнаа беспилотните летала „Орлан-10“. Тие ги испраќаа координатите во реално време. Во масовното ракетирање на „Искандерите“ им се придружија и повеќецевните ракетни лансери „Торнадо-С“.
Гаѓаните објекти беа оддалечени 90 километри и сите беа погодени со голема прецизност.
Системот „Искандер-М“ е специфичен по тоа што користи висинска суперманеварска ракета направена според „стелт“ технологија, така што може да погоди цели оддалечени 500 километри заобиколувајќи ја противракетната одбрана.
Руски оперативно-тактички балистички систем „Искандер-М“.
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче