Модерна „Катјуша“ за војната на 21. век: Што претставува „Торнадо-Г“?

Виталиј В. Кузмин
Овој систем ќе може да ги „спржи“ терористите во нивните утврдувања благодарение на „дождот“ ракети опремени со запаливи боеви глави.

Русија набави нов контингент „Катјуши на 21-от век“, поточно повеќецевни ракетни лансери „Торнадо-Г“ кои ќе ги заменат постојните артилериско-ракетни средства од слична класа кои се наоѓаат во руската армија уште од времето на СССР.

Првите системи „Торнадо-Г“ веќе се наоѓаат во артилериско-ракетните единици на Копнената војска распоредени околу Волгоград (970 километри јужно од Москва). Во овој момент, со овие системи се продолжува фазата на опремување на единиците со слична намена ширум Руската Федерација.

Карактеристики на повеќецевниот ракетен лансер „Торнадо-Г“

„Торнадо“, како и повеќето нови примероци на вооружување, се наоѓа под непроѕирниот превез на тајната. Околу нив се шири фама која често се состои од митови и легенди. Особено кога станува збор за огнената моќ која се во состојба да ја произведат овие борбени средства.

Во реалноста, овие повеќецевни ракетни лансери ќе се склопуваат во две основни варијанти кои ќе бидат опремени со проектили со калибар од 122 и 300 мм. На секое орудие се наоѓаат лансери со по 40 ракети, кои за време на нивното дејствување создаваат ефект сличен на легендарните советски „Катјуши“ од Втората светска војна.

Од тој момент па сѐ до денес, значително се зголеми номенклатурата на ракетите што ги користат повеќецевните ракетни лансери. Со развојот на технологијата во производството на овие системи, денес имаме ситуација да се произведуваат четири типа ракети кои се специјално развиени за прл „Торнадо-Г“. Имаме две ракети опремени со касетни боеви глави, како и два типа ракети опремени од деструктивно-распрскувачки тип. Нивниот максимален дострел не надминува 40 километри, иако на бројни интернет-ресурси може да се најдат голем број податоци кои за 2,5 пати ја надминуваат оваа бројка (ефективен дострел од 100 километри).

Орудијата, исто така, добија и модерен далечински систем за управување и наведување, кој на екипажот што се состои од два члена му обезбедува да го изведе комплетниот процес на гаѓање додека се наоѓа надвор од возилото. Како дополнение на сето ова се наоѓа и системот за „заштитена“ сателитска навигација која, со сето горенаведено, значително ги зголемува огнените можности на орудието во однос на претходниците. Како резултат на сето ова значително е намалено времето за премин од маршевска во борбена позиција и обратно (вклучувајќи и неуредени огнени позиции), а исто така се зголеми и прецизноста на дејството.

Полниот борбен комплет се состои од 40 ракети кои во режим на брза стрелба се троши за 20 секунди. Она што е уште поважно, возилото по плотунски удар брзо се оддалечува од местото од каде што дејствувало, благодарение на исклучително брзиот премин од борбена во маршовска позиција која не надминува 30 секунди. Последново е исклучително важна ставка кога станува збор за тактиката на артилериските единици во услови на водење на модерна војна.

Прочитајте повеќе: Далекуметно и прецизно: Артилериските единици во 2019 година ќе добијат „убиствена“ техника

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња