Модернизираниот повеќецевен ракетен лансер 9К51М „Торнадо-Г“ калибар 122 мм
WikipediaМодернизираните повеќецевни ракетни лансери 9К51М „Торнадо-Г“ ќе добијат нова муниција со калибар 122 мм која за дури 6-10 пати ќе ја зголеми ефикасноста во однос на стандардните ракети 9М22У кои ги користи овој систем. Моделите на новата муниција се претставени на саемот за вооружување и воена опрема „Армија-2018“, пренесува рускиот информативен портал РГ.
Вкупно се направени три типа муниција за 9К51М „Торнадо-Г“. Првиот тип претставува ненаведуван ракетен ракетен проектил 9М539 опремен со распрскувачко-разорна боева глава и е наменет за борба против жива непријателска сила, лесно оклопна борбена техника, командни места и сл. Максималниот дострел на ракетата е 20000 метри.
„Ефикасноста на уништување на целта со овој тип на проектил во просек е шест пати поголема во однос на досегашниот проектил 9М22У кој е исто така опремен со распрскувачко-разорна боева глава кој пак се користи на системите 9К51М „Град“, истакнува информативната служба на концернот „Техмаш“.
Вториот тип ненаведуван проектил 9М541 носи касетна боева глава со кумулативно-распрскувачки боеви елементи. Максималниот дострел на ракетата е 20000 метри, а субмуницијата која се наоѓа во касетната глава може да пробие оклопна плоча со дебелина од 140 мм.
„Гледано во целина, ефикасноста на овој проектил е 10 пати поголема во однос на класичната муниција“, велат од компанијата.
Третиот тип ненаведуван проектил 9М538 е опремен со распрскувачко-разорна боева глава со зголемени можности. Оваа муниција во просек двапати поефикасна од стандардната муниција што ја користи ВЛР 9К51М „Град“. Масата на боевата глава достигнува 34,5 килограми, а распрскувачкиот блок интегриран во проектилот брои околу 4000 фрагменти со пречник од 6 и 9 милиметри. Максималниот дострел на овој проектил е исто така 20000 метри.
9К51М „Торнадо-Г“ е руски модернизиран повеќецевен ракетен лансер. Основната разлика во однос на базичната верзија 9К51 „Град“ се однесува на далеку поквалитетно решениот систем за управување со огнот поврзан со сателитска навигација и компјутер кој ги пресметува внесените балистички податоци за гаѓањето, што овозможува значително кратење на постапката на нишанење и гаѓање која се одвива во автоматски режим на работа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче