„Национален Интерес“: Русите остваруваат стратешка предност со хиперсонична ракета на подморниците

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американските медиуми ги вознемири веста дека руските подморници наскоро ќе бидат наоружани со хиперсонични ракети „Циркон“.

Како што пишува „Национален Интерес“, комбинацијата на подморница и хиперсонично оружје значително ќе ги прошири можностите на Русија. Експертите сметаат дека со можноста за лансирање такви ракети под вода се остварува битна стратешка предност.

Спротивната страна ќе има многу малку време адекватно да реагира на приближувањето на хиперсонична ракета. Крајно тешко е да се избегне такво оружје, а процесот на неговото пресретнување „Национален Интерес“ го споредува со гаѓањето мета со поединечна стрелба. Сé на сé, шансите се мали. Освен тоа, таквите ракети имаат големи маневарски можности.

Згора на сé, системите за ПВО во поголем дел не се создавани за одбрана од хиперсонично оружје.

Американскиот весник укажува и на фактот дека одделни хиперсонични ракети се тешко забележливи, затоа што со таквите брзини околу нив се создава облак од плазма кој ги апсорбира радиобрановите.

„Веројатно Русија ќе биде првата земја која во својот арсенал ќе има хиперсонични ракети со подводно базирање“, констатира „Национален Интерес“.

Авторот на публикацијата објаснува дека подморницата може долго да остане под вода незабележана, незабележливо може да се доближи до целта и брзо да лансира ракета без да излегува на површината. Хиперсонична ракета лансирана од поголема близина е дотолку поопасна, затоа што другата страна нема да стигне да реагира на соодветен начин.