Носач на борбената ракета беше фрегатата од проектот 22350 „Адмирал Горшков“.
Оваа фрегата е направена во бродоградилиштето „Севернаја верф“ во Санкт Петербург. Воведена е во експлоатација летото 2018 година. Денес тоа е најмодерниот воен брод на Северната флота. Претходно оваа фрегата во повеќе наврати успешно ги извршуваше задачите на маневри и пловидби околу светот.
„Според податоците на објективната контрола, хиперсоничната противбродска крстосувачка ракета „Циркон“ директно и успешно ја погоди поморската цел оддалечена 450 километри. Ракетата леташе со брзина поголема од 8 маха“, велат од Министерството за одбрана на РФ.
Се истакнува дека тестирањето на летот на хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ ќе продолжи. Во перспектива со ракети „Циркон“ ќе бидат вооружени подморниците и бродовите на Воената морнарица на Русија.
Медиумите претходно соопштија дека претседателот на РФ Владимир Путин им честиташе на војниците и научниците на првото успешно лансирање на ракета „Циркон“.
Пролетва заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко изјави дека со ракети „Циркон“ ќе бидат вооружени ударните нуклеарни подморници од проектите „Антеј“ и „Јасен“, фрегатите од проектот 22350 („адмиралска“ серија) и 23560 (перспективниот нуклеарен разурнувач „Лидер), како и нуклеарниот крстосувач од проектот 1142.2 „Адмирал Нахимов“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче