„Дупчи носачи на авиони“: Американски медиуми ја оценија руската ракета „Циркон“

sevmash.ru.
Руските хиперсонични противбродски ракети „Циркон“ претставуваат сериозна опасност за секоја флота, иако немаат нуклеарна боева глава, пишува „Национален Интерес“ (National Interest).

Американскиот весник пред сé ја истакнува брзината што ја развиваат овие ракети. „Циркон“ лета со брзина од пет маха (пет пати побрзо од брзината на звукот – заб. на прев.). Според овој показател ќе биде подобра од современите руски противбродски ракети „Оникс“. Згора на тоа, руските воени стручњаци соопштуваат дека „Циркон“ ќе лета со брзина од цели девет маха.

„Брзината на летање поголема од пет маха дава толкава кинетичка енергија што дури и боева глава наполнета со обичен бетон при судар со земјата ќе предизвика моќна експлозија, а на носач на авиони ќе направи дупка“, истакнува авторот на статијата.

Весникот потсетува дека е крајно тешко да се заштитите од хиперсоничното оружје поради големите маневарски можности на ракетите.

„Тоа е исто како кога со куршум би гаѓале куршум“, се вели во публикацијата.

„Национален Интерес“ исто така укажува дека со ракети „Циркон“ ќе бидат вооружени најновите руски подморници од проектот „Јасен“. Претходно американскиот магазин ги окарактеризира како подморници кој претставуваат најголема опасност за американската флота. Тие можат да поминат неколку месеци под вода целосно незабележани. За комбинацијата на „Циркони“ и „Јасени“ авторот на статијата вели дека тоа е „тивок убиец“.

„Циркон“ е хиперсонична ракета чиј дострел ќе изнесува илјада километри. Се очекува дека со неа ќе бидат вооружени и подморниците и бродовите на руската Воена морнарица.

Проектот „Јасен“ е серија руски повеќенаменски подморници од четвртатата генерација. Главната подморница на овој проект е „Северодвинск“. Таа се појави во арсеналот на руската воена морнарица во 2014 година. Наесен се очекува примопредавање на подморницата „Казае“, направена според модернизираниот проект „Јасен-М“. Во рамките на таа серија руската морнарица треба да ги добие и подморниците „Новосибирск“, „Краснојарск“, „Архангелск“, „Перм“ и „Уљјановск“ и уште два брода.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња