Во Русија произведена првата повеќекалибарска снајперска пушка

Lobaev Arms
Создадена е од компанијата која веќе се прослави со конструкцијата на најдалекуметните и најмоќни снајперски пушки на светото СВЛК-14С „Сумрак“.

Руската компанија Lobaev Arms кон крајот на октомври на московскиот саем за оружје и воена опрема „Интерполитех-2020“ ја претстави новата повеќекалибарска снајперска пушка ДВЛ-10М3.

„Новата пушка има значително помали габарити во споредба со сличните производи на Lobaev Arms. Масата на пушката ДВЛ-10М3 е намалена на 4,5 килограми, има цевка со должина од 500 мм. Ефективниот дострел на ова оружје е до 1 км“, изјави вишиот експерт на Lobaev Arms Александар Слободјањук.

Притоа оружјето има висока прецизност (околу 0,38 MOA). Во превод од јазикот на снајперистите тоа значи дека група од пет куршуми истрелани од пушката ДВЛ-10М3 во мета која се наоѓа на растојание од 100 м прави група погодоци која не надминува круг со пречник од 30 мм.

Повеќекалибарноста на ДВЛ-10М3

Според Слободјањук, платформата ДВЛ-10М3 може да користи пушчени цевки со различен калибар. Една од нив е и онаа со калибар 7,62х51мм (.308 Winchester), потоа 6,5х47мм Lapua и 6,7мм Federal. Тој исто така кажа дека ДВЛ-10М3 ќе може ефикасно да се употребува во комплет со придушувач.

„Сите овие калибри, вклучувајќи ги и компактните димензии на оружјето, ја прават оваа пушка идеална за противтерористички операции во урбани средини. Во такви операции на снајперистот му треба оружје кое филигрански ќе го погоди телото на непријателот на растојание од 300 м“, изјави за веб-порталот Russia Beyond поранешниот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Според него, снајперистите во состав на специјалните полициски единици за време на своите вежбовни активности пукаат во мети со димензии 20х20 см (димензии на стандардна глава) од дистанца од 300 м. На тој начин се вежба погодок во главата на терорист кој пред себе држи заложник како жив штит.

Притоа брзината на куршумот истрелан од ДВЛ-10М3 е речиси трипати поголема од брзината на звукот - 840 м/сек. Пушка е функционална на температуриод -45 до +65 степени Целзиусови. Таа е компактна и лесна во споредба со своите европски и американски пандани (како што се пушките Barret или Heckler and Koch) – масата на новата руска пушка е помала за речиси два килограми, што претставува суштински фактор во работата на оперативецот кој е „натоварен“ со панцир и дополнителна опрема тешка повеќе килограми.  

„Lobaev го фали своето оружје поради чувствителниот ударен механизам. Тој е неколку пати помек и пократок во однос на пушката СВД, која е во вооружувањето на нашата армија“, истакнува Сафонов.

Според него, таа мала нијанса е еден од клучните елементи во високопрецизното гаѓање цели. Снајперската пушка треба да има минимален „од“ на деталите и максимално краток и нежен ударен механизам за да може снајперистот да гаѓа цел на дистанци од неколку стотици метри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња