Русија подготвува за извоз 50 нови модели воена техника

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија планира во наредните 5-7 години да претстави на светскиот пазар на оружје педесетина најнови модели воена техника.

Како што соопштува „Рособоронекспорт“, ќе се извезува оклопна техника на платформа на тенкот Т-14 „Армата“.

Интересот на странските клиенти порасна благодарение на фактот што оваа оклопна техника е тестирана во Сирија. Извозот на Т-14 може да почне кога руската армија ќе ги добие првите партии „Армата“.

„Армата“ се разликува од другите тенкови пред сé по тоа што куполата не е предвидена за екипаж – тенкистите се наоѓаат во изолирана оклопна капсула, далеку од муницијата, и со оружјето управуваат далечински. Кај тенкот се применети неколку нивоа на заштита од постојните и перспективни проектили.

Покрај тенкот Т-14, за извоз се подготвува и ловецот од петтата генерација Су-57Е, како и модернизираниот хеликоптер Ми28НЕ, палубниот хеликоптер Ка-52К и противвоздушниот систем „Антеј-4000“.

Прочитајте повеќе: Кому Русија му продала оружје минатата година и за каква воена техника станува збор?