Со руско оружје алжирската армија стана најмоќната во Северна Африка

ANP Dz / youtube.com
Алжир успеа буквално за 20 години да ја направи најмоќната армија во регионот. Притоа во нејзиниот арсенал се наоѓа првенствено руска техника.

Вооружувањето и борбената способност на Вооружените сили на Алжир ги анализираше магазинот „Армиски стандард“ (Армейский стандарт).

Пријателството со Советскиот Сојуз Алжир го започна уште во 60-тите години, по стекнувањето независност од Франција. А на почетокот на 2000-тите, кога земјата почна да заздравува од долгата граѓанска војна, започна нова етапа во односите меѓу двете земји.

Владата на Алжир мораше да ја зајакне армијата поради растечките внатрешни (верски екстремизам) и надворешни закани (интервенција на Западот).

Од 2016 до 2018 година беа склучени неколку големи договори со Русија. Алжир набави 28 ловци Су-30МКА (алжирска модификација на авионите Су-30МКИ, произведени за Индија), 16 школско-борбени авиони Јак-130, три противвоздушни ракетни системи С-300ПМУ-2, 38 противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир-С1ˮ, 385 тенкови Т-90С, околу 300 борбени возила за поддршка на тенковите БМПТ-72 „Терминаторˮ, 216 противтенковски ракетни системи „Корнетˮ, 8 системи високопрецизно оружје „Краснопољ“, две подморници од проектот 636М „Варшавјанкаˮ. Алжир исто така набави 42 офанзивни хеликоптери Ми-28НЭ „Ноќен ловец“, како и 6 транспортни Ми-26Т2.

Освен тоа, склучени се и договори за испорака на 32 ловци Су-30МКА и 14 ловци МиГ-29М/М2. Исто така, познато е дека во 2018 година во алжирската армија почнаа да пристигнуваат тешките повеќецевни ракетни лансери ТОС-1А.

Вкупната вредност на договорите во текот на овие години изнесуваше преку 13,5 милијарди долари.

Алжирската војска во значителна мера во својата организација се угледа на рускиот пример. Поделена е на седум воени окрузи. Секој од нив ги извршува задачите кои се условени од географските специфичности на регионот.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња