Кому Русија му продала оружје минатата година и за каква воена техника станува збор?

AFP
Русија по извозот на оружје е втора земја во светот. Најсилната руска техника минатата година купи и земја членка на НАТО.

Претседателот на Русија Владимир Путин на почетокот на април ги сумираше резултатите од воено-техничката соработка на Руската Федерација на меѓународно ниво. Според него, Москва во 2019 година им испорачала на своите партнери вооружување и техника во износ од 15 милијарди американски долари. Вкупното портфолио на нарачките во април 2020 година изнесува над 55 милијарди американски долари, а за руското оружје се заинтересирани околу 100 земји ширум светот.

„Нам во прилог секако ни оди успешното искуство од примената на нашето оружје во воените дејствија. Конкретно, тоа оружје одлично се покажа во Сирија. Неговата ефикасност, прецизност, сигурност и едноставност во ракувањето се квалитетите кои ја формираат побарувачката на светскиот пазар на вооружувањето“, нагласи претседателот на РФ.

Русија во овој момент го зазема второто место во светот според извозот на вооружување. Вашингтон е на овој пазар најголема конкуренција на Москва. Руските експерти за оружје тврдат дека Русија сега ги зајакнува своите позиции и на пазарите каде доминираат Американците.

Товарење на делови на зенитните ракетни системи С-400 „Триумф“ во авион на Министерството за одбрана на РФ за испорака на Турција во рамките на договорот за усовршување на противвоздушниот систем на оваа земја.

„Руските военоиндустриски претпријатија постојано го дополнуваат каталогот на извозните производи за воени намени и додава во него нови модели – средства за противвоздушна одбрана (ПВО), лансирни ракети со повеќе цевки, борбени возила, средства за борба против беспилотни летала и уште многу други работи. Благодарение на овие напори, Русија во текот на изминатите години ги зацврсти своите позиции во југоисточна Азија, на Блискиот Исток и во Африка“, се вели во соопштението од државната корпорација „Ростех“.

Кој што има купено од Русија?

Во последно време Москва има направено над 630 повеќенаменски ловци Су-30, како за руските Воздушно-космички сили, така и за армиите на Алжир, на Јемен, на Кина и на Индија.

Најголем број авиони Су-30 отидоа во Индија, на која ѝ беа продадени над 300 вакви летала. Освен тоа, Њу Делхи во својот арсенал има 41 палубна верзија на ловецот МиГ-29К/КУБ. Овој авион толку им се допадна на Индијците, што раководствата на двете земји преговараат за испорака на уште 21 ваков ловец, и тоа по итна постапка. Во оваа фаза на преговорите не се обелоденува вредноста на договорот.

Припадници на индиското воено воздухопловство маршираат пред ловецот Су-30 МКИ „Сухој“ на генералната проба за парадата по повод Денот на военото воздухопловство на воздухопловната база Хиндон во Газијабад, во предградието на Њу Делхи

Напоредно со ова, Москва преговара со Кина, со Египет, со Обединетите Арапски Емирати и со Турција за испорака на ловецот Су-35 од генерацијата 4++.

Анкара минатата година стана можеби и главниот партнер на Русија во овој поглед. Како членка на НАТО и клучен купувач на американското оружје, Турција во 2019 година меѓу првите ги доби системите за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“. Анкара купи четири батерии од овие ракетни системи за ПВО во вредност од околу 2.5 милијарди американски долари.

Секоја батерија има по четири самоодни лансери со по четири ракети. Значи, една батерија има вкупно 16 ракети-пресретнувачи кои можат да соборуваат ловци од петтата генерација и крстосувачки ракети во радиус од 200 километри.

Возило за транспорт и за полнење ракети кое е дел од комплетот на системот за ПВО/ПРО С-400 „Триумф“. Фотографија што Министерството за одбрана на Турција ја направи и ја објави на 27 август 2019 година

Тука не е пресметан резервниот комплет ракети кој исто така е опфатен со договорот и споменатата сума, и кој ќе биде поставен во рамките на овој состав. Покрај тоа, со договорот се опфатени и неколку возила за транспорт и за полнење, а исто така и радари, командни центри и цела низа возила за логистика. Покрај сето тоа, во Русија ќе се обучуваат турски „ракетари“ кои ќе ракуваат со овие системи.

Москва сега се обидува да му ги преземе на Вашингтон и Обединетите Арапски Емирати, кои исто така се американски партнер. Оваа земја на почетокот од минатата деценија купи над илјада руски леснооклопени борбени возила за пешадијата БМП-3. На изложбата за вооружување ИДЕКС 2019, Абу Даби потпиша договор за модернизација овие возила вреден 2.71 милион американски долари. Тешко е да се каже нешто подетално, зашто останатите податоци не се обелодените.

Борбено возило за пешадијата БМП-3

Напоредно со ова Москва упорно му го предлага на Абу Даби својот нов проект за заштита од беспилотни летала и нисколетечки цели. Станува збор за ПА топот АУ-220 со артилериски проектили со калибар од 57 милиметри кој е мошне ефикасен против воздушните објекти.

Москва и со Ирак склучи договор за испорака на тешки лансери за ракети со повеќе цевки ТОС-1А „Солнцепјок“, хеликоптери Ми-28Н и Ми-35, артилериско-ракетни системи за ПВО „Панцир-С1“ и тенкови Т-90. Сето тоа чинеше вкупно 1.7 милијарди американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња