Земјотрес на светскиот пазар за оружје: Русија го продава најнапредниот радарски систем?

Прес-служба на Росообороноекспорт/Sputnik
Овој радар може да ги „заклучи“ воздушните цели кои се движат во блискиот космос и притоа да остварат хиперсонични брзини. Значи, тој може не само да ги детектира хиперсоничните крстосувачки ракети, ами и интерконтиненталните балистички ракети кои се составени од независно насочени боеви глави кои исто така можат да летаат со овие брзини. Овој радар ќе биде единствениот во светот со вакви можности и ќе може да го набават сите оние кои ќе имаат доволно пари за такво нешто.

Рускиот воено-индустриски комплекс најави дека неговиот најнов производ кој претставува мобилна радарска станица со голем дострел, ќе има и своја експортна верзија. Нејзиното кодно име е „59Н6-ТЕ“ (забелешка на авторот: веројатни никој од секторот не ги известил инженерите дека ваквото означување на системот не е баш добро за неговиот маркетинг) и според изворите на производителите претставува уникатен радар на пазарот кој може да открива цели кои летаат со хиперсонична брзина.

Прес-служба на Росообороноекспорт

„Овој радар може да ги 'заклучи' воздушните цели кои летаат со брзина и од 10.800 километри на час. Значи, тој може да детектира не само хиперсонични крстосувачки ракети, ами и интерконтинентални балистички ракети кои се составени од независно насочени боеви глави кои исто така можат да летаат со такви брзини“, вели неименуван извор од руската воена индустрија. Изворот прецизираше дека во овој момент само руската војска има хиперсонични ракети (ракетните системи „Кинжал“ и „Циркон“, од кои последниот започна во активна фаза на своите пробни лансирања во Арктичкиот океан). Кога станува збор за останатите држави на добар пат се наоѓаат војските на САД и на Кина, кои за 5-6 години најверојатно ќе успеат во целост да ја совладаат оваа технологија. „Според нашите пресметки, во блиска иднина овој вид вооружување ќе употребува траектории на летот кои се наоѓаат на висина до 100 километри. И токму серијата на мобилните радари (модел 59Н6-ТЕ) е проектирана за детектирање цели на овие висини“, додава изворот.

Кои се потенцијалните купувачи на овој радар?

„Во овој момент само рускиот воено-индустриски комплекс може на меѓународниот пазар на вооружување и на воена техника да понуди технологија со вакви можности. САД нема да посегнат по набавка на овие радари поради економските санкции што оваа држава ги воведе на Русија, но и поради политичките импликации од таквото купување со кое американскиот воено-индустриски комплекс би ја признал слабоста во областа на високите воени технологии. Треба да се присетиме на настаните од пред неколку дена кога рускиот претседател Владимир Путин му понуди на својот американски колега Доналд Трамп набавка на руски хиперсонични ракети. Меѓутоа, тој ја одби, велејќи дека американските инженери се на чекор до создавање на сопствен радарски систем кој ефикасно ќе одговори на овој предизвик. Значи, токму на ова поле се создава голема шанса за Русија да понуди свој производ на земјите од Среден исток кои последниве години бележат рекорден пораст кога станува збор за набавка на најсовремено вооружување и воена техника“, истакнува Вадим Козјулин, професор на Академијата на воени науки.

Сепак, стручњакот не беше во можност да каже колку отприлика ќе чини една мобилна радарска станица 59Н6-ТЕ зашто „не постои стандардизирана цена за таквите системи, каде интернационалната понуда на вооружување и воена техника и нивната вредност во пари варира во зависност од видот на купувачот кој ги набавува овие системи“.

„На пример, за време на продажбата на современи системи на државите од нашето блиско опкружување важат едни цени (да кажеме земјите од ОДКБ), додека со други држави како што се НР Кина, Индија или Турција, се работи по други услови“, потсетува Козјулин.

Според рускиот експерт, новата мобилна радарска станица 59Н6-ТЕ најверојатно ќе стане интегрален дел на новата генерација противвоздушен и противракетен ракетен систем С-500 „Прометеј“ кој во блиска иднина ќе стане дел од руските вооружени сили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња