„Што се однесува до армијата, имаме одлична воено-техничка соработка. Му благодарам на министерот за одбрана Шојгу за поддршката на нашата армија. Разговаравме за тоа, купивме многу важни и потребни работи. На Парадата на Победата претседателот Путин ме посоветува што да купиме и јас го послушав. Сега тоа оружје треба да дојде во Србија“, рече Вучиќ на прес-конференцијата во Сочи.
Србија стана голем купувач на руско оружје и воена техника. Таа набави седум хеликоптери Ми-17 и Ми-35, доби на подарок шест ловци МиГ-29 и десет оклопни возила БРДМ-2МС. Белград нарача ПВО-систем „Панцир-С“, пишуваат РИА „Новости“.
Вучиќ во октомври изјави дека Србија сака да го поседува и С-400, но во моментов не е во можност да го купи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче