Наоружан до заби:„Национален Интерес“ ја коментира модернизираната руска фрегата „Маршал Шапошников“

Министерство за одбрана на Русија
Списанието „Национален Интерес“ објави дека руската фрегата „Маршал Шапошников“ е „наоружана до заби со голем број нови ракети“. Авторите на текстот реагираа на веста во руските медиуми за тоа дека „фрегатата од времето на Студената војна „Маршал Шапошников“ (БПК 543) по вооружувањето со крстосувачки ракети „Калибар-НК“ и „Уран“ е испратена на испитувања во Јапонското море“.

Списанието потсетува дека „Маршал Шапошников“ стапи во состав на вооружувањето на Воената морнарица на Русија како голем противподморнички брод. Неговата модернизација опфати поставување на унифицирани бродски лансери за ракетите „Калибар“, што ги зголеми неговите борбени можности и овозможи да се класифицира како фрегата. Се претпоставува дека модернизираниот брод, исто така, ќе може да користи хиперсонични ракети „Циркон“.

„Маршал Шапошников“ во јули ги започна првите пловни тестирања по ремонтот. Следната фаза испитувања ќе биде полетување и слетување на бродски хеликоптери Ка-27 на палубата на фрегатата.  Бродот до крајот на оваа година би требало да се врати во состав на Тихоокеанската флота.

Магазинот исто така истакнува дека „Маршал Шапошников“ „веќе се покажа како борбено способен брод“.

„Во мај 2010 година припадниците на руската морнаричка пешадија, таканаречените „црни беретки“, кои се наоѓаа на разурнувачот, го спасија екипажот на рускиот танкер „Московски универзитет“, заземен од единаесетмина сомалиски пирати источно од островот Сокотра во Аденскиот залив. Целата операција траеше само 22 минути и никој од екипажот на танкерот не беше повреден. Еден пират беше убиен, а десетмина заробени“.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња