На интернет ресурсите се појави видео на кое се гледа низок прелет на десантно-јуришен хеликоптер Ми-24 од советско потекло, кој се наоѓа во вооружувањето на ерменската армија. Овој хеликоптер е снимен на автопатот Ереван-Арташат. Процените се дека ерменската армија во својот состав има 13-14 оперативни хеликоптери од овој тип. Тука се наоѓаат и јуришници Су-25 (15 летала), како и ескадрила воено-транспортни Ми-8МТ.
На интернету се појавио видео на коме се види како десантно-јуришни хеликоптер Ми-24П јерменске армије на рекордно малој висини прелеће изнад аутопута Јереван-Арташтат. pic.twitter.com/wjfsoTeKmO
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) September 27, 2020
Ми-24 ја покажа својата феноменална борбена жилавост уште во 80-тите години на минатиот век. Ескадрили „летечки тенкови“ ги поддржуваа единиците на 40 советска армија која дејствуваше во Авганистан. Во текот на својата борбена употреба овие хеликоптери преживуваа значителни оштетувања предизвикани од гранати истрелани од ПА топови, опа дури и од ракети од лесни ракетни преносни средства кои се истрелуваат од рамо. Слични искуства кои во пракса го оправдуваат прекарот „летечки тенк“ се забележани и во текот на бројни судири ширум светот во кои учествуваше овој хеликоптер.
Пред почетокот на несреќната војна во Сирија сириската армија во својот состав имаше триесетина оперативни ударни хеликоптери Ми-25 (ознака за извозната верзија на Ми-24). Во текот на овој судир овие хеликоптери беа активно употребувани во голем број противтерористички операции. Тие со голем успех ги напаѓаа позициите на кои се наоѓаа терористичките сили како и нивните борбено-транспортни средства. Притоа масовно употребуваа ненаведувани, а повремено и наведувани ракети, како и гравитациски бомби.
Руската воена индустрија неодамна претстави и модернизирана верзија на хеликоптерот Ми-24П, која ја носи ознаката Ми-35П+. Се работи за летало кое ќе добие нов комплекс за управување со огнот со чија помош ќе се наведуваат современи убојни средства, како и оптоелектронски систем. „Ние ќе ги оспособиме овие хеликоптери да ги користат современите наведувани ракети „Атака“ или „Виор“, изјави притоа првиот човек на концернот „Росвертол“ Андреј Богински.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче