БТР-82А претставува модернизација на оклопниот транспортер БТР-80. Опитните модели на ова возило беа направени 2009 година. Четири години подоцна оклопниот транспортер беше усвоен во вооружувањето на руската армија. Масата на возилото изнесува 15400 килограми. Овој транспортер е способен да превезува до 10 војници со полна борбена опрема. Опремен е со дизел-мотор кој генерира 300 коњски сили. Благодарение на тоа, но и потпирањето на тркалата, БТР-82А на пат може да достигне брзина и до 100 км/ч. При совладувањето водени пречки транспортерот плови со брзина до 9 км/ч. Со полн резервоар може да совлада пат долг 600 км.
Вооружен е со автоматски топ 2А72 со кал. 30 мм со кој е спарен митралез со кал. 7,62 мм. Максималната брзина на стрелба што ја остварува овој топ е околу 300 гранати во минута. Енергијата на гранатата овозможува ефективна борба против непријателска жива сила на далечини и до 4000 метри, како и лесна оклопна борбена техника до 2000 метри. Панцирната поткалибарна граната „Кернер“ со кал. 30х165 мм може да пробие хомогена челична плоча дебела 30 мм навалена под агол од 60 степени од далечина од 1000 метри. Модернизираните верзии на овој транспортер (БТР-82АТ) можат да бидат вооружени и со противтенковски наведувани ракети „Корнет“.
ВИДЕО: појавио се снимак дејства оклопног транспортера БТР-82А из аутоматског топа 2А72 у кал.30мм pic.twitter.com/eWY2PS2Ulf
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) September 23, 2020
Руската воена индустрија неодамна претстави и модернизација на овој оклопен транспортер. Се работи за верзијата на оклопното возило која носи ознака БТР-82АТ. Генерално може да се каже дека оклопниот транспортер БТР-82 со новиот пакет модернизација (АТ) е трансформиран во полнокрвно борбено возило на пешадијата на тркала. Ова возило во ваков облик во сите фази на изведување на борбените дејствија (напад и одбрана) значително ќе ги зголеми борбените способности на механизираните единици, како и на другите единици кои ќе го имаат во своето вооружување.
Неодамна и генералниот директор Александар Красовицки зборуваше за новите проекти на компанијата ВПК. Тој истакна дека модернизираниот БТР-82 АТ ќе има можност да употребува различни типови противтенковски наведувани ракети како што се „Корнет“ или „Атака“.
Модернизираниот транспортер е значително унапреден кога е во прашање неговата оклопна заштита. Тоа пред сé се однесува на интеграцијата на противкумулативните решетки околу целото возило, како и на дополнителните плочи кои ги штитат виталните делови на оклопот од муниција со поголем калибар. Возилото има повеќенаменски карактер, така што покрај стандардната борбена купола, на него можат да се монтираат различни типови стрелечко и артилериско вооружување како, на пример, минофрлач со калибар 82 мм.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче