Оваа научна институција на Меѓународниот воено-технички форум „Армија-2020“ го претстави летниот демонстратор на првиот циклолет кој е конструиран во Руската Федерација, врз основа на кој до 2024 година се очекува развој на летачко патничко летало за потребите на руското Министерство за одбрана.
Како што за Интернет-порталот на ТАСС изјави раководителот на проектот за развој на циклолетот Григориј Макиевич кој е вработен во ФПИ, беспилотното летало со тежина од 60 килограми веќе ги мина летните тестирања. „Основна задача до крајот на годината е унапредување на системот за автоматско управување. Планираме во ова беспилотно летало да интегрираме хибриден мотор кој ќе му овозможи на леталото автономија на лет од 60 минути“, вели рускиот експерт. Во февруари 2021 година планирани се тестирања на беспилотното летало во кои циклолетот треба да ги демонстрира сите предности и прокламирани карактеристики. „По овие тестирања ќе преминеме на конструкција на погабаритно летало кое ќе може да транспортира до шест лица. До крајот на оваа година имаме обврска да тестираме во аеродинамички тунел уште еден комплетиран мотор кој е интегриран на поголемо летало. Во 2024 година сме задолжени да направиме патнички циклолет“; изјави претставникот на информативната служба на оваа компанија.
Како што прецизираше Макиевич, за овој проект веќе е заинтересирана руската армија. Конкретно, Министерството за одбрана сака врз база на ова летало да направи копнена и поморска варијанта кои ќе бидат наменети за изведување десантни операции.
Пред сè Фондот за перспективни истражувања ФПИ доби задача да изгради оптимално решение за реализација на проектот на летачки автомобил. Во тој момент научниците на институтот за топлофизика на сибирското одделение на Руската академија на науките, и инженери од компанијата Авакс Геосервис предложија решенија кои се базираат на технологијата на циклолет.
„Кога станува збор за циклолет мораме да наведеме неколку предности за ова летало. Конкретно, станува збор за летало кое е многу покомпактно и прави помала бучава во однос на хеликоптер или на квадкоптер. Исто така употребата на цикличен погон доведува до промена на векторскиот потисок благодарение на што воздушниот апарат има подобри маневарски способности“, истакнува Макиевич. Според претставникот на Фондот за перспективни истражувања воздушното летало на база на циклолет се планира за изработка на апарат кој ќе се употребува во урбани зони и на непристапни брдско-планински терени. Тој ќе може да совладува сериозни препреки, а исто така и да застанува на вертикални површини, а воедно ќе може да врши комплетно слетување на површини со наклон (што не може да го изведе ниту едно беспилотно летало, вклучувајќи го тука и квадкоптерот). Покрај ова, леталото ќе има и високи маневарски можности. Периферната заштита на моторот ќе овозможи да се избегне деструкција на погонот при евентуален судир со препреки на патот.
Конструкцијата на беспилотното летало со тежина од 60 килограми ќе овозможува превоз на 10-20 килограми корисен товар. „Според тоа леталото кое ќе биде дизајнирано во облик на циклолет ќе може своите задачи да ги реализира во состав на руското Министерство за одбрана, односно да извршува бомбардерски емисии. На беспилотното летало може да се интегрира митралез, како и неуправливи бомби. Исто така апаратот ќе може да извршува мисии за извидување, благодарение на ниската бучава што ја емитуваат неговите мотори, напоменува рускиот експерт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче