Авторот на текстот Петар Бутовски потсетува дека по модернизацијата најголемиот борбен авион на светот ќе ги добие ракетите Х-БД со дострел зголемен за 50%.
Во статијата, исто така, се наведува дека во состав на руското Воено воздухопловство во моментов се наоѓаат 17 авиони Ту-160, како и дека во 2018 година руското Министерство за одбрана потпиша договор за испорака на 10 бомбардери Ту-160М во периодот од 2021 до 2027 година. Во состав на вооружувањето авионите би требало да останат до 60-тите години на 21 век.
Експертот споменува уште два руски авиона. Тоа се Ту-95МС, кој во НАТО-класификацијата го носи називот „Мечкаˮ, и суперсоничниот бомбардер Ту-22М3.
Погледнете прекрасен видеоматеријал за рускиот ракетоносец Ту-160 (ВИДЕО)