Кои авиони се наоѓаат на листата на најопасните руски бомбардери?

Вадим Савицки/Global Look Press
Според американските експерти, станува збор за следниве советски авиони: Ту-95 „Мечка“, Ту-22М, Ту-160 „Бел лебед“ и модерниот бомбардер ПАК ДА.

Повеќето од овие руски бомбардери се проектирани и изградени во советско време. Меѓутоа, тие претставуваат сериозна закана поради постојаната модернизација, како на уредите, така и на електрониката и оружјето, наведува американското списание „Национален Интерес“. На списокот на најопасните руски бомбардери се наоѓаат советските авиони Ту-95 „Мечка“, Ту-22М, Ту-160 „Бел лебед“ и модерниот ПАК ДА.

Ту-95

Ту-95 беше развиен во 50-тите години на минатиот век, а неговата најважна карактеристика беше најмоќниот било кога произведен турбо-пропелерски мотор досега, КН-12.

Авторот на статијата напомнува дека моќните мотори го прават Ту-95 премногу гласен, но и дека тоа во комбинација со модерно оружје не е важно. „Мечката“ е способна да носи разни видови крстосувачки ракети, вклучувајќи ги и оние со нуклеарни боеви глави. На пример, ракетата Х-101 има дострел до 5500 километри, што му овозможува на бомбардерот да го нападне непријателот надвор од дострелот на неговата противвоздухопловна одбрана.

Т-22М

Ту-22М3

Главната сила на суперсоничниот бомбардер Ту-22М е неговата променлива геометрија на крилата, што му овозможува да извршува борбени мисии во широк спектар на висини и брзини (до 1,88 мах). Максималната носивост на бомби изнесува 24 тони. Интересно е да се напомене и дека опашката на авионот е опремена со топ ГШ-23М со кал. 23 мм, со кој се управува далечински. 

Ту-160

Ту-160 е „вистински ѕвер“ кој собори неколку светски рекорди, пишува авторот на статијата. Максималната носивост на бомби изнесува 40 тони и може да достигне брзина од 2,05 Ма. Носи неколку типови крстосувачки ракети со голем дострел, вклучувајќи и нуклеарни боеви глави.

ПАК ДА

Авторот на статијата смета дека најопасниот руски бомбардер е перспективниот стратешки бомбардер ПАК ДА, кој ќе го замени најголемиот дел од сегашните Ту-22М, Ту-95 и Ту-160. Во дизајнот на ПАК ДА е користена шема на „летечко крило“ која има технологија на многу ниска детекција. Тоа ќе биде првиот бомбардер направен од нула во постсоветска Русија. Се очекува првиот примерок да биде готов до 2021-2022 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња