„Бел лебед“ над Москва:Лет на бомбардер Ту-160 на генералната проба за парадата на Денот на Победата

На Црвениот плоштад се одржа генералната проба на воената парада по повод Денот на Победата во која учествуваа парадни чети на пешадијата, механизирана колона и параден строј на авијацијата.

Телевизиската станица „Ѕвезда“ објави снимки од летот на борбената авијација над Москва во склоп на генералната проба за воената парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна. На снимките направени од воздух се гледа Ту-160, страшниот „Бел лебед“, како што го нарекуваат, со раширени крила над рускиот главен град.

Во саботата на Црвениот плоштад во Москва се одржа генералната проба за парадата по повод Денот на Победата, во која учествуваа парадни чети на пешадијата, механизирана колона и параден строј на авијацијата. Според зборовите на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, во парадата ќе учествуваат околу 14 илјади лица. Првенствено тоа се војници имуни на коронавирусот.

Големата воена свеченост по повод јубилејот требаше да биде одржана на 9 мај, меѓутоа, поради пандемијата на новиот коронавирус, беше одложена и закажана за 24 јуни, денот кога е одржана историската парада на победниците 1945 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња