Во текот на „Авиамикс“ пилотските екипажи на припадниците на Воздушно-космичките сили покажаа бројни елементи од натпреварувањето на воените пилоти, симулираа групно бомбардирање, масивни ракетни напади врз копнени цели, лансирања ракети, демонстрираа воздушна битка, покривање дејствија на ударната авијација со ловци, тактички десант од хеликоптери Ми-26, извршувајќи и други задачи, велат од Министерството за одбрана на РФ.
Својата умешност ја демонстрираа повеќе од триесет екипажи. На настанот присуствуваа првиот човек на регионот Николај Љубимов, заменик-министерот за одбрана на РФ Јунус Бек Евкуров, како и заменик-командантот на Воздушно-космичките сили на РФ Андреј Јудин.
Годинава поради пандемијата на новиот коронавирус најинтересните натпревари на воените пилоти се одржаа без публика.
Меѓународната етапа на „Авиадартс“ беше отворена на 23 август. Во натпреварувањето учествуваа преку 40 екипажи на ловечката, јуришната, армиската авијација, како и повеќе од 500 војници и 42 авиони и хеликоптери од Русија и Белорусија. Поради пандемијата не учествуваа пилоти од други земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче