Спогодбата беше потпишана во рамките на форумот „Армија-2020“. Документот го потпишаа полковникот на Министерството за вонредни ситуации Максим Лисицин и директорот на ПАО „Ростовертол“ Петар Мотренко, пишува „Росијскаја газета“.
„Ми-26Т2 е најновата модификација на хеликоптерот со најголем транспортен капацитет на светот, што значително ги проширува можностите за негова употреба“, истакна Андреј Богински, генерален директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России).
Треба да се напомене дека хеликоптерот има „стаклена“ пилотска кабина - со систем за електронска индикација на показателите на инструментите, системи за навигација ГЛОНАСС и „Навстар“, како и систем за рано предупредување за близина до земјата и седишта што апсорбираат енергија за екипажот.
Ми-26T2 е опремен со дигитален автопилот, кој не само што може да ја води машината по маршрутата, туку и да слета. Како резултат на модернизацијата, екипажот е намален од пет на три лица.
Во исто време, Ми-26Т2 може да се искачи на 4600 м, а неговата брзина на крстарење е 255 км/ч. Хеликоптерот може да носи 20 тони товар до 800 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче