Најновиот „Панцир” со мини-ракети ќе биде првпат покажан на Парадата на Победата (ФОТО)

Ракетите се наменети за уништување дронови.

Модернизираниот противвоздушен ракетно-топовски систем „Панцир-СМ” со ракети со мали димензии за уништување мини-дронови првпат ќе биде прикажан на Парадата на Победата во Москва на 24 јуни, соопшти дописник на агенцијата ТАСС по ноќната проба за парадата.

Меѓу другите новитети кои учествуваа на пробите за парадата во главниот град на 17 и 18 мај, во составот на моторизираната колона се најдоа борбени возила на модернизираниот систем „Панцир-СМ” на шасија со тркала „Торнадо-К”. На новиот систем наместо стандардниот контејнер за една противвоздушна ракета се наоѓа касета со четири ракети со помали димензии за борба против дронови.

Систем „Панцир-С” е наменет за заштита на цивилни и воени објекти од средства за воздушен напад во сите временски и климатски услови, како и во услови на електронско војување, дење и ноќе. Системот исто така поседува два брзометни топа со калибар 30 милиметри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња