Французите го нарекоа Су-57 „бисер“ на руската воздухопловна индустрија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Се работи за летало кое е направено од композитни материјали и поседува извонредни маневарски способности. Неговата основна намена е остварување апсолутна воздушна надмоќ над потенцијалниот противник.

Во Франција ги истакнаа исклучителните маневарски способности на рускиот авион од петтата генерација Су-57. Новото повеќенаменско борбено летало е окарактеризирано како „бисерот на руската авијација“, пренесува веб-порталот РГ.

Вниманието на специјалистите го привлекоа видеокадрите што ги објави руското Министерство за одбрана, на кои се гледа како Су-57 изведува сложени летечки фигури и ја демонстрира својата способност за вертикално искачување до голема висина. Како што напоменуваат новинарите на магазинот Capital, леталото е направено од композитни материјали и поседува врвни маневарски способности.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

Прочитајте повеќе: Кинескиот портал „Соху“: Рускиот ловец Су-57 ја загрозува доминацијата на САД