НАТО му го даде на рускиот ловец од петтата генерација Су-57 кодното име Felon („злосторник, престапник“), објави списанието посветено на авијацијата Scramble Magazine.
Се наведува дека во текот на работата на авионот НАТО за новиот руски авион го користел името Frazor (според значењето блиско на зборот „тортура“), но името било променето кога леталото влегло во сериско производство. Официјална потврда на оваа информација сè уште нема, пренесува РИА „Новости“.
Су-57 (претходно познат како ПАК ФА) првпат полета во 2010 година. Според конструкторите, комбинацијата на високи маневарски со способноста за суперсонична брзина, како и современиот систем на опрема во кабината на авионот и неговата слаба видливост на радарите му даваат на овој авион предност во однос на конкуренцијата.
Кодните називи во НАТО се користат за условно именување и класификација на воената, поморската, воздухопловната и ракетната технологија произведена во потенцијално непријателска земја, како што се Русија и Кина, а во ретки случаи се користи и за вооружувањето на други земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче