Кинескиот портал „Соху“: Рускиот ловец Су-57 ја загрозува доминацијата на САД

Скриншот, Youtube на Министерството за одбрана на РФ

Фактот дека денес и Русија и Кина поседуваат ловци од петтата генерација ја загрозува доминацијата на САД кои некогаш беа неприкосновен лидер во проектирање и производството на такви авиони. Денес, меѓутоа, постои голема веројатност дека Су-57 заедно со „помошник“ во вид на офанзивно беспилотно летало ќе стане најмоќниот ловец на светот. Ова го објави популарниот кинески портал Sohu.

Не е секоја земја во состојба да произведе борбен авион од петтата генерација. САД, кои работеа над овие авиони пред повеќе од 20 години, засега се единствената земја која поседува два модела: F-22 и F-35. Притоа производството на првиот модел е запрено. Освен тоа, рускиот С-57, кој се појави релативно неодамна, и кинескиот Ј-20 имаат практично бесконачен потенцијал. Затоа некогашната доминација на САД станува натпревар меѓу три сили.

„Мораме да истакнеме дека ловецот Су-57 е тестиран во реални борбени услови во Сирија. Тоа беше одлично искуство кое ја дефинираше намената на авионот. Штом ќе стане дел од рускиот арсенал, ќе може да тргне во борба“, се наведува во статијата.

Порталот потсетува на неодамна објавената видеоснимка која го прикажува Су-57 како изведува различни маневри. Особено внимание привлекува епизодата со лансирањето ракета „воздух-воздух“ од внатрешната комора. На снимката генерално може да се види исклучителната практична борбена способност на рускиот ловец.

Уште еден адут на рускиот ловец Су-57 ќе биде работата во пар со тешко офанзивно беспилотно летало. Во најскора иднина тоа ќе добие вештачка интелигенција и со него ќе се управува од ловецот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња