Руската компанија „Ростех“ почна пробно производство на ново антивирусно одело кое штити од сите биолошки опасности. Комбинезонот е тежок 500 грама, направен е од цврст двослоен непропустлив филм и го покрива телото од петици до глава. Може да биде дополнет со ракавици и респиратор.
Како што се соопштува на официјалниот сајт на компанијата, заштитниот комбинезон е направен по повод епидемијата на коронавирусот како првенствено за заштита на медицинските работници, но може да биде применет и во рудниците, на пример, за време на дегазација.
„За разлика од сличните модела, овој комбинезон обезбедува гарантирана заштита од биолошки агенси (вируси, бактерии, спори), а исто така и од опасни хемиски супстанци (киселини и алкалии), се вели во соопштението на компанијата.
Заштитното одело ќе чини само 2000 рубли (околу 25 долари). Планирано е да се испорачува на претпријатија и дистрибутери на роба за широка потрошувачка“, објаснуваат од компанијата. Според информациите што ги изнесува „Ростех“, оделото ќе можат да го набават и компании и приватни лица.
Овие комбинезони ги направи компанијата „Росхимзашчита“ (Тамбовска област, на југот на Русија), компанија-ќерка на „Ростех“.
Покрај комбинезони, „Ростех“ објави дека започнал и пробно производство на респиратори во својата фабрика во Московската област.
Во новата маска е применет филтер на фотокатализатор (технологијата ја доби ознаката TIOKRAFT). Маската филтрира супстанци и врши нивна сепарација на вода и јаглерод диоксид под дејство на ултравиолетови зраци. Респираторот штити од опасни патогени бацили како што се Кохов бацил, бактерии и спори на габички. За жал, засега не е познат точниот датум на почетокот на сериското производство, како ни цената на маската.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче