„Лудачки“ бравури: Американците фасцинирани од акробатски лет на руски Су-30СМ (ВИДЕО)

Скриншот
Впечатливата видеоснимка од летот на пилотската група „Руски витези“ на аеромитингот LIMA-2019 во Малезија беше забележана во САД.

Весникот „Национален Интерес“ напиша дека руските пилоти демонстрирале „лудачки“ маневри со авиони Су-30СМ. Авторот на  статијата е фасциниран од нивните бравури.

Снимката е направена со помош на камера монтирана на еден авион, така што гледачот може да си замисли дека тој е во пилотската кабина и дека заедно со останатите ја изведува групната „Нестерова јамка“. Руските пилоти изведоа и други фигури на акробатско летање: „кобра“, „коса јамка“, „буре“ и „ѕвоно“.

„Ниеден од споменатите маневри не е нов за „Руските витези“, но ретко кога сите се изведуваат во еден настап“, пишува наведениот весник и додава дека демонстрираните акробатски фигури се многу впечатливи и исто толку опасни.

„Национален Интерес“ нагласува дека фасцинантниот настап на „Витезите“ сведочи за сериозноста со која Русија му пристапила на учеството во аеромитингот LIMA. Тоа, впрочем, не треба да чуди, затоа што според податоците на овој весник Азиско-тихоокеанскиот регион покрива 20% од сите руски воени договори.

Авторот на статијата исто така укажува на фактот дека „Руските витези“ овојпат не летале со Су-27, туку со многу подобриот Су-30СМ кој впечатливо ги демонстрирал своите можности. „Су-30СМ се прави сериски. Целта е јасна – на потенцијалните купувачи да им се даде до знаење: ова е токму она што ќе го добиете“, коментира американскиот весник.  

Погледнете повеќе: „Руските витези“ ги покажаа можностите на новиот борбен Су-30СМ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња