Су-27
Виталиј В. КузминСпоред мислењето на авторот на текстот, при развојот на Су-27 проектантите ги имале предвид можностите на F-15, па затоа рускиот авион не заостанува зад него во поглед на брзината и применетото вооружување.
Според пишување на американскиот магазин, рускиот ловец е проектиран со цел остварување на доминација во воздушниот простор, меѓутоа, тој се покажа како флексибилен и успешен при изведувањето на удари врз копнени цели.
Авторот на статијата укажува на импресивните можности на Су-27. Како што се истакнува во текстот, искусните пилоти кои управуваат со овие летала можат да изведат низа спектакуларни маневри од кои некои се видени на аеромитинзите во Русија и Ервопа. Максималната брзина на ловецот притоа изнесува 2,35 маха, а под крилата борбената машина носи цел комплет бомби и ракети.
Како што се наведува, врз база на Су-27 настанаа разни модификации на борбени машини, специјализирани за извршување нас специфични задачи, но авионот ја задржал својата универзалност.
Во медиумите вчера беше објавено дека руски ловец Су-27 пресретнал американски патролен противподморнички авион Boeing P-8 „Посејдон“ над Балтичкото море.
Во вооружувањето на Воздушно-космичките сили и борбената авијација на Воената морнарица на Русија навистина се наоѓаат неколку модификации на ловецот Су-27, вклучувајќи ја и најсовремената верзија Су-27СМ3, истакнуваат медиумите. Меѓутоа, како што се наведува во текстот, голем број на ловци Су-27 плански се заменети и тоа не со модернизирани авиони, туку со апсолутно нови летала Су-30СМ и Су-35С.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче