Како ловци Су-27СМ во услови на временска непогода полетаа на важна задача (ВИДЕО)

Leuhin Fedor/Flickr
Руските авиони-ловци Су-27СМ уште еднаш ги потврдија своите одлични летечко-технички карактеристики. Авионите кои се наоѓаат во состав на Црноморската флота тргнаа во мисија на „покривање“ на стратешки бомбардер за време на силен дожд.

На видеоклипот на руското Министерство за одбрана се гледа како „потоците“ вода, кои се резултат на силните врнежи, значително ја намалуваат видливоста на пилотите. Тоа не спречи група авиони Су-27СМ да изведат мисија на многу одговорно ловечко покривање на стратешки бомбардер-ракетоносец Ту-160 „Бел лебед“, кој е една од најважните цели за секој потенцијален непријател.

„Одделение ловци Су-27СМ полета од еден од оперативните аеродроми на Крим со цел ловечко покривање на стратешки ракетоносец. Тие во текот на нивниот лет добија точни координати каде во тој моментот се наоѓаше бомбардерот, како и на групите условни воздушни цели кои им се приближуваа“, се вели во официјалното соопштение на информативната служба на Јужниот воен округ кое го пренесува порталот РГ.

Овие информации беа испратени од авионот за радарско набљудување и командување А-50 („летачки радар“) кој во исто време се наоѓаше во воздухот. Оваа група авиони (A-50, Су-27СМ и Су-30СМ) влезе во зоната на изведување на воената вежба од правец на Краснодарскиот крај.

 „Авионите во временски период од пет часа се наоѓаа над акваторијата на Црното море. За тоа време авионот за радарско набљудување и командување А-50, изврши повеќе од 20 операции на наведување на ловечката авијација кон откриените суперсонични и стратосферски цели“, нагласува Министерството за одбрана. Процените се дека во овие воени вежби се ангажирани повеќе од 50 авиони и хеликоптери на руската авијација, ПВО-ракетни системи С-400 „Триумф“ како и ударна поморска борбена група со асистенција на крајбрежните ракетни системи „Бал“ и „Бастион“.

Маневрите на руската авијација се изведуваат како одговор на заедничките воени вежби на заедничките воено-поморски состави на НАТО „Морски штит-2019“. Министерството за одбрана на РФ напомна дека маневрите на Северноатлантскиот блок претставуваат извонреден шлагворт за увежбување на единиците на Црноморската флота и здружените сили на ВВ и ПВО, кои ќе се реализираат во услови максимално приближени на реална ситауција.

Потсетник

Су-27 е повеќенаменски авион-ловец од четвртата генерација. Наменет е за пресретнување и уништување широк спектар воздушни цели кои се наоѓаат на растојанија од 300-400 километри од морскиот брег. Максималната брзина што ја постигнува авионот е 2430 км/час. Плафонот на летање се наоѓа на 18000 метри. Авионот е опремен со воздухопловен топ со калибар 30 мм. Од ракетно вооружување може да употребува пет различни типови ракети „воздух-воздух“ и три типа воздухопловни бомби.

Прочитајте повеќе: Ловецот Су-27 во воздухопловните сили на 11 држави во светот (фотографии и видео)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња