Во Русија ја споредија полската модификација на тенкот Т-72М1 со рускиот Т-72Б3

Александар Вилф/Sputnik

Покрај определените модификации кога станува збор за системот за управување со оган и средствата за врска, полската модификација на тенкот Т-72М1 е сиромашна во планот на дополнителна оклопна заштита, параметрите на подвижност и огнената моќ. Во целина гледано, доколку се земат предвид современите трендови на модерната војна во која доминираат преносните водени противоклопни средства, овој тенк може да се смета за средство за „еднократна употреба“, со оглед на тоа дека не може долго да преживее на бојното поле.

Модернизираните основни борбени тенкови Т-72М1 се подготвени за испорака на копнените единици на полската армија. До крајот на годинава во оперативна употреба треба да влезат осум вакви тенкови. За ова пишуваше полскиот Интернет-портал milmag.pl.

Во 2020 година полските оклопно-механизирани единици треба да добија 46 модернизирани тенка Т-72М1, во 2022 и во 2023 година 34, во 2024 година 33, и на крајот на 2025 година уште 39 тенкови. Тоа се околу 200 единици Т-72М1.

Тенковите се опремени со компјутеризирана радиостаница и со нови системи за внатрешна врска. Возачот и командирот на тенкот имаат добиено значително посовремен опто-електронски прибор за пасивно откривање, односно овие уреди се опремени со термовизија. Наместо постариот дневно-ноќен нишански уред, монтиран е нов кој во себе содржи термовизиска камера од третата генерација, пренесува Интернет-порталот РГ.

Кога станува збор за моторот тој остана ист како кај базичната верзија (сила од 780 „коњи“). Промена немаше нити во основниот топ со калибар од 125 милиметри, но и на неговиот систем за автоматско полнење гранати.

Како што пренесува администраторот на Интернет-сајтот Отвага-2004 Леонид Карјакин, зачудувачки е што модернизираниот тенк не е унапреден кога станува збор за неговата оклопна заштита. Тој е како на нивото од осумдесеттите години од минатиот век кога  станува збор за овој исклучително важен параметар. Овој факт станува уште помистериозен доколку се знае дека полската воена индустрија успешно го реализираше својот проект за дополнителна динамичка заштита, која се поставува на основниот тенковски оклоп. Но, во пакетот на модернизацијата на Т-72М1 тој не е применет.

„Со оглед на динамиката на развојот на модерните средства за противтенковска борба, ние овој тенк можеме да го наречеме средство за 'еднократна' употреба, зашто тешко може да се замисли дека тој ќе преживее судир на бојното поле“, вели Карјакин.

Според овој стручњак, полската модификација на тенкот Т-72М1 во ниту еден случај не може да се спореди со руската модификација Т-72Б3 (особено во неговата последна варијанта), или со Т-80БВМ.

Руските тенкови минаа исклучително длабока и опсежна модернизација за слободно да може да се нарече целосно нова борбена машина. Тие имаат добиено дополнителна оклопна заштита не само од предната, ами и од бочната страна, како и на задните проекции на тенкот. Погонот е многу посилен и се движи во распон од 1.130 до 1.250 коњски сили. Тенкот е опремен со современ систем за управување со оган. Унапреден е и квалитетот на тенковскиот топ, кој освен наведувачките ракети кои се испукуваат од неговата цевка, може да дејствува со поткалибарски пенетратори со зголемена пробојност (тунгстен и осиромашен ураниум).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња