Кога ќе профункционира С-400 во Турција?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Турските воени стручњаци сè уште работат на ставање во функција на руските противвоздухопловни ракетни системи С-400, изјави турскиот министер за национална одбрана на Турција Хулуси Акар.

„Процесот на обука [за користење] и ставање во функција на С-400 сè уште трае. Тоа е навистина клучна тема. Како што рече нашиот претседател [Таип Ердоган], овој процес се одвива според нашите планови. Системите целосно ќе влезат во функција оперативни во април или мај“, рече Акар, пренесува ТАСС повикувајќи се на весникот Türkiye.

Во декември министерот за одбрана на Турција Акар Хулуси изјави дека Анкара била принудена да купи ги системите од Русија С-400, бидејќи западните земји не сакале да ѝ продадат ПРО-системи.

Прочитајте повеќе: Ердоган: С-400 ќе го воведеме во вооружување, а за F-35 ќе најдеме алтернатива