Ердоган: С-400 ќе го воведеме во вооружување, а за F-35 ќе најдеме алтернатива

Виталиј В. Кузмин
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги потврди плановите за воведување на ПВО-системите С-400 што Турција ги набави од Русија во април следната година.

Шефот на турската држава, исто така, изрази надеж дека САД ќе „покажат здрав разум“ во оваа ситуација, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“. Ердоган рече дека американските санкции, кои предвидуваат исклучување на Турција од програмата за производство на ловецот-бомбардер Ф-35, нема да претставува пречка Анкара да стори сé што е потребно за да ја обезбеди својата безбедност од сите закани.

Турскиот лидер истакна дека Анкара е подготвена да ги разгледа алтернативите на американските авиони во случај Вашингтон да одбие да ѝ ги испорача на Турција. Оваа изјава следеше откако американскиот државен секретар Мајк Помпео ѝ се закани на Турција со санкции поради набавката на руските С-400. Тој додаде дека се надева дека Анкара, по добивањето на системите за ПВО, нема да ги воведе овие системи во вооружувањето.

Претходно беше соопштено дека во септември 2017 руската страна склучила со Турција договор за испорака на С-400. Цената на овој систем за ПВО е 2,5 милијарди долари. Првите испораки започнаа на 12 јуни.

САД и НАТО се против овој договор. Секретарот за печат на Белата куќа на 17 јули соопшти дека купувањето на руските С-400 го оневозможува понатамошно учество на Турција во програмата за производство на американскиот ловец-бомбардер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња