Турците со радарите на ПВО-системот С-400 го скенираа F-16 (ВИДЕО)

Marsonline (bog-rata.com)
Во поширокиот реон на главниот град на Турција беше реализирано тестирање на радарските компоненти на ПВО/ПРО-системите со голем дострел С-400 „Триумф“. На скриншотот од снимката може да се забележат аквизицискиот радар 91Н6E и специјалната подвижна кула за откривање на цели на мали и ултраниски висини. Во оваа проверка учествуваа повеќенаменски авиони-ловци на турското воено воздухопловство F-16.

Според информациите на турските медиуми, тестирањето на системите С-400 било спроведено на 25 и 26 ноември на подрачјето на Анкара. Специјалистите ја проверија функционалната врска помеѓу системите за ПВО и борбените авиони. За таа цел, за време на оваа проверка беа ангажирани, неколку ловци, меѓу кои и F-16, пренесува порталот Mars.online.

Еден од најважните сегменти на ракетниот дивизион С-400 се средствата за борбено командување. Вклучува команден пункт 55K6E и аквизициски радар за набљудување 91Н6E со ефикасен опсег и до 600 км. Во рамките на овој сегмент постои и проширување кое се состои од дополнителна радарско-набљудувачка станица 98ZH6E и 96Л6Е (ова е радар за универзални задачи) кои се специјализирани за откривање на цели со намалена радарска рефлексија на големи растојанија и висини (повеќе од 100 км), вклучувајќи и специјална подвижна кула 40В6М за откривање на цели на мали и ултраниски висини.

Благодарение на одличната електронска избалансираност на целиот систем кој обезбедува висок степен на автоматизација, еден ракетен дивизион истовремено може да нападне десетици непријателски цели од различен тип на различни далечини и висини. С-400 „Триумф“ е во состојба со речиси 100% веројатност да уништи со две ракети цел што лета со хиперсонична брзина (4800 м/сек).

Накратко, денешната воена индустрија сè уште нема измислено соодветно оружје (освен интерконтинентални балистички ракети и цели во вселената/сателити) кое може да го совлада овој систем. Следната генерација на ПВО/ПРО-системот С-500 „Прометеј“ треба да даде јасен одговор и на овие прашања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња