Покриена цела Русија: Хиперсоничниот „Кинжал“ стана убоен во различни географски зони

Слободан Ѓукиќ
Ракетата е тестирана во комплексни метеоролошки услови, вклучувајќи ги и најсуровите предели на Арктикот. Паралелно со овие тестирања, спроведена е и обемна работа за оспособување на аеродромската инфраструктура за употреба на овие средства, вклучително и за базирање на специјално модифицирани летала кои ќе користат хиперсонични ракети.

Географијата на примена на хиперсоничната противбродска ракета со воздушно базирање „Кинжал“ е успешно проширена, изјавија од руското Министерство за одбрана, пренесува веб-порталот РГ.

Според овие тврдења, реализирани се голем број задачи за опитно-борбено дежурство на воздухопловниот комплекс „Кинжал“ со хиперсонична ракета. „Извршивме лансирање на ракетата во различни климатски услови, вклучувајќи го и Акртикот. Во исто време, ја унапредивме и аеродромската инфраструктура и на тој начин обезбедивме поширок географски простор за нејзина примена“ рече началникот на Генералштабот на руската армија при средбата со акредитираните воени аташеа кои се наоѓаат во Русија.

Во март 2018 година стана извесно дека Русија овладеала со технологијата на производство на ракета која ќе лета со хиперсонична брзина. Тогаш рускиот претседател Владимир Путин при своето обраќање пред Федералниот парламент ја спомена ракетата „Кинжал“. Во меѓувреме, дознавме уште неколку тактичко-технички параметри што ја карактеризираат оваа ракета. Прво, станува збор за ракета што ќе ја носат борбени авиони (ловец-пресретнувач МиГ-31К) и ќе се користи против површински бродови и веројатно копнени цели на условниот непријател. Второ, ракетата ќе достигнува брзина од астрономски 10 маха (10 пати повеќе од брзината на звукот). Трето, нејзиниот краен дострел ќе изнесува 2000 километри, благодарение на што авионите нема да мораат влегуваат во зоната на непријателската ПВО. И четврто, дека самата ракета е всушност модификација на проектилот што го користи ракетниот комплекс од класата „земја-земја „Искандер“.

Главната летечка платформа за ракетата „Кинжал“ ќе биде модифицираниот ловец-пресретнувач МиГ-31К кој може да достигне брзина поголема од 3000 км/ч, што е идеално за овој вид оружје. Имено, за да достигне брзина од 10 маха што е можно побрзо и да помине растојание од 2000 км, потребно е ракетата да се стартува при што поголема почетна брзина. Во моментов една ескадрила од овие авиони вооружени со ракети „Кинжал“ се наоѓа во опитно-борбена експлоатација во воздухопловните единици на Јужниот воен округ.

Приоритетни цели на ракетата „Кинжал“ се големите површински воени бродови (од бродови од класата на разурнувачи па нагоре). Ракетата е опремена со пробојно- разурнувачка боева глава тешка 500 килограми, која е способна да потоне или сериозно да оштети бродови со голем депласман.

Покрај ловецот-пресретнувач МиГ-31К, во перспектива се планира и интеграција на овој комплекс и со бомбардерите Ту-22М3 и повеќенаменските ловци од петтата генерација Су-57.

Примената на хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“ првпат прикажана на јавноста (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња