Авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети „Кинжал”
Слободан ЃукиќНа аеромитингот одржан на полигонот Дубровичи учествуваа два ловци МиГ-31К наоружани со ракети „Кинжал“. Овие авиони ги покриваа јуришните авиони и бомбардерите кои со авионски бомби дејствуваа по батерија противвоздухопловни ракетни системи на условниот непријател.
Беа гаѓани 12 различни видови ПВО-системи. На полигонот вкупно имаше поставено околу 60 цели.
Претседателот Владимир Путин ја претстави хиперсоничната ракета „Кинжал“ заедно со другите најнови системи на руско оружје кои ги спомена во минатогодишното обраќање до Федералното собрание.
Ракетата може да развие брзина до десет маха и гарантирано ги совладува сите постојни системи за противвоздухопловна и противракетна одбрана. Нејзиниот дострел е две илјади километри и може да носи нуклеарни и конвенционални боеви глави.
Од крајот на 2017 година во Јужниот воен округ на пробно борбено дежурство се десет пресретнувачи МиГ-31К вооружени со ракети „Кинжал“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче