Полски медиуми: Како да се одбраните од руската хиперсонична ракета „Кинжал“?

Модернизирани ловци-пресретнувачи МиГ-31К наоружани со ракети „Кинжал“

Модернизирани ловци-пресретнувачи МиГ-31К наоружани со ракети „Кинжал“

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Оваа ракета не само што ја загрозува територијата на Република Полска, туку и американските воени бази што се распоредени во Западна Европа. Дали НАТО има потенцијал да одговори на оваа закана и на кој начин може да го стори тоа?

Руската хиперсонична ракета „Кинжал“ претставува исклучително сериозна закана за НАТО, пишува полскиот медиум Defence24.pl.

Како што пренесуваат авторите на овој текст, руската ракета е особено опасна затоа што се лансира од воздушна платформа, што ѝ овозможува да достигне големи дострели (и до 2000 км). Според полските експерти, во борбениот радиус на овие ракети не се наоѓа  само територијата на Република Полска, туку и американските воени бази распоредени во Западна Европа.

„Употребата на овие ракети во комбинација со други офанзивни средства, како што се малку побавните нисколетечки крстосувачки ракети со голем маневар, значително ја зголемуваат шансата за пробивање на противвоздухопловната одбранбена зона“, ги пренесува зборовите на полскиот портал рускиот медиум РИА „Новости“.

Во текстот се потсетува дека појавата на оваа ракета дала значителен импулс за зголемување на целокупниот руски ударен потенцијал. Неговите автори сметаат дека „западниот“ одговор на појавата на овој вид ракети не треба да биде ограничен само на развој на одбранбени системи кои би имале функција за пресретнување на оваа ракета во воздухот, туку и на развој на сопствени офанзивни системи со иста намена.

Во март 2018 година стана извесно дека Русија овладеала со технологијата на производство на ракета која ќе лета со хиперсонична брзина. Тогаш рускиот претседател Владимир Путин при своето обраќање пред Федералниот парламент ја спомена ракетата „Кинжал“.

Ракетата ќе ја носат борбени авиони, поточно ловецот-пресретнувач МиГ-31К. Нејзината основна намена ќе биде борба против површинските бродови и копнени цели на условниот непријател. Ракетата ќе биде во состојба да достигне брзина и до 10 маха (10 пати повеќе од брзината на звукот). Таа ќе може да ја погоди свој цел на далечина и до 2000 километри, благодарение на што авионите нема да мораат влегуваат во зоната на непријателската ПВО.

Главната летечка платформа за ракетата „Кинжал“ ќе биде модифицираниот ловец-пресретнувач МиГ-31К кој може да достигне брзина поголема од 3000 км/ч, што е идеално за овој вид оружје. Имено, за да достигне брзина од 10 маха што е можно побрзо и да помине растојание од 2000 км, потребно е ракетата да се стартува при што поголема почетна брзина. Во моментов една ескадрила од овие авиони вооружени со ракети „Кинжал“ се наоѓа во опитно-борбена експлоатација во воздухопловните единици на Јужниот воен округ.

Приоритетни цели на ракетата „Кинжал“ се големите површински воени бродови (од бродови од класата на разурнувачи па нагоре). Ракетата е опремена со пробојно- разурнувачка боева глава тешка 500 килограми, која е способна да потоне или сериозно да оштети бродови со голем депласман.

Примената на хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“ првпат прикажана на јавноста (ВИДЕО)

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња