„Кинжали“ летаат по Арктикот: Ракета достигна брзина од 10 маха и уништи копнена цел

Слободан Ѓукиќ
На крајниот север на Русија успешно беше извршено лансирање на хиперсонична ракета „Кинжал“. Таа прецизно ја погоди копнената цел. Притоа таа постигна брзина од 10 маха. „Кинжал“ беше лансирана со помош на модернизирана верзија на ловецот- пресретнувач МиГ-31К.

Според добро упатен извор, ракетата е лансирана од специјализирана верзија на ловец-пресретнувач МиГ-31К. Тестирањето е извршено кон средината на месецот на полигонот „Пембој“ на рускиот Арктик. Оваа информација е потврдена од друг извор, пренесува веб-порталот ТАСС.

При реализацијата на овој тест, ракетата достигнала брзина десет пати поголема од брзината на звукот.

Руското Министерство за одбрана засега ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа информација.

Во март 2018 година стана извесно дека Русија овладеала со технологијата на производство на ракета која ќе лета со хиперсонична брзина. Тогаш рускиот претседател Владимир Путин при своето обраќање пред Федералниот парламент ја спомена ракетата „Кинжал“. Во меѓувреме, се дознаа уште неколку тактичко-технички параметри што ја карактеризираат оваа ракета. Прво, станува збор за ракета што ќе ја носат борбени авиони (ловецот-пресретнувач МиГ-31К) и која ќе се користи против површинските бродови и веројатно копнените цели на условниот непријател. Второ, нејзината крстосувачка брзина ќе достигнува астрономски 10 маха (10 пати повеќе од брзината на звукот). Трето, нејзиниот краен дострел ќе изнесува 2000 километри, благодарение на што авионите нема да мораат влегуваат во зоната на непријателската ПВО. И четврто, дека самата ракета е всушност модификација на проектилот што го користи ракетниот комплекс од класата „земја-земја „Искандер“.

Основна летечка платформа за ракетата „Кинжал“ ќе биде модифицираниот ловец-пресретнувач МиГ-31К кој може да достигне брзина поголема од 3000 км/ч, што е идеално за овој вид оружје. Имено, за да достигне брзина од 10 маха што е можно побрзо и да помине растојание од 2000 км, потребно е ракетата да се стартува при што поголема почетна брзина. Во моментов една ескадрила од овие авиони вооружени со ракети „Кинжал“ се наоѓа во опитно-борбена експлоатација во воздухопловните единици на Јужниот воен округ.

Приоритетни цели на ракетата „Кинжал“ се големите површински воени бродови (од бродови од класата на разурнувачи па нагоре). Ракетата е опремена со пробојно- разурнувачка боева глава тешка 500 килограми, која е способна да потоне или сериозно да оштети бродови со голем депласман.

Примената на хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“ првпат прикажана на јавноста (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња