Со употреба на тешкиот воено-транспортен хеликоптер Ми-26 беше пренесен во ростовскиот парк на вооружувањето „Патриот“ борбен авион Су-24. „Најголемиот хеликоптер на светот Ми-26 превезе бомбардер Су-24 во една од воените единици во Ростовската област“, соопшти информативната служба на Јужниот воен округ (ЈВО) чие соопштение го објави сајтот аех.ру.
На оваа прес-конференција беше прецизирано дека војската на овој округ ќе направи паркови „Патриот“. „Во овие паркови отпишаната воздухопловна воена техника опрема ќе се доставува со хеликоптери на воено-транспортната авијација. За поедноставен транспорт, техниката ќе се транспортира со помош на сајли што се прикачуваат на надворешните носачи на хеликоптерите“, се наведува во овој текст.
Неодамна беше соопштено дека во новоформираните воени паркови, кои се филијала на паркот „Патриот“, ќе бидат пренесени околу 30 борбени авиони и хеликоптери што се повлечени од оперативниот состав на единиците на Јужниот воен округ. Покрај бомбардери Су-24, ќе има и авиони-ловци Су-27 и МиГ-29, воено-транспортни авиони Ан-26, како и хеликоптери Ми-8 и Ми-24.
Севкупно, на територијата на Јужниот воен округ ќе бидат формирани околу 50 вакви паркови во кои ќе биде концентрирана отпишана техника на руската армија.
Ми-26 претставува советски а подоцна руски повеќенаменски тежок хеликоптер. Станува збор за хеликоптер со најголеми димензии на светот. Наменет е за реализација на транспортни, евакуациски, противпожарни и други задачи. Покрај војската, хеликоптерот е присутен и во цивилна употреба. Се наоѓа во вооружувањето на Воздушно-космичките сили на руската армија, како и во одредите на Министерството за вонредни состојби и Росгвардија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче