Се верува дека очилата ќе ги опуштат кравите и им ќе помогнат да се чувствуваат посреќни. Бидејќи се дојде до заклучок дека атмосферата на смиреност доведува до зголемување на приносот на млеко, на животните им се прикажува летно поле, сметаат во Министерството за земјоделство на Московската област.
Првите тестирања на очилата за виртуелна реалност регистрираа намалување на напнатоста и „зголемување на општото емоционално расположение на стадото“. При дизајнирање на очилата се водеше сметка за градбата на главата на кравата и спецификите на видот на добитокот. Во проектот учествуваа ветеринари.
Покрај задоволувањето на физичките потреби, истражувачите во последно време посветуваат сѐ поголемо внимание на емоционалната состојба на животните. Искуствата од фармите за млеко од различни земји во светот покажаа дека во атмосфера на смиреност количината, а често и квалитетот на млекото, значително се зголемуваат. Така, американските фармери во шталите инсталираат автоматски четки за масажа. Во Европа се користат роботизирани системи за обезбедување на максимално слободно движење на добитокот на фармата. Некои производители во Подмосковјето инсталираа во шталите аудио опрема за емитување класична музичка која создава впечаток на опуштеност и со тоа има позитивно влијае на приносите на млеко.
Така и стручњаците во едно од најголемите стопанства во Подмосковјето, заедно со експерти за ИТ, занимавајќи се со аспектите на влијанието на виртуелната реалност врз добитокот, решија да спроведат експеримент и развија макета на адаптирани човечки очила за VR.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче