На рускиот сегмент на интернетот се разви приказна за неверојатната сличност меѓу пикапот Tesla Cybertruck, презентиран деновиве од Илон Маск, и оклопното возило на Федералната служба за безбедност на Русија. Телевизискиот водител Владимир Соловјов објави на социјалните мрежи две фотографии со следниов текст: „Tesla Cyber Truck 2019 vs Фалкатус ЦСН ФСБ 2016. Случајност?”
Корисниците на интернетот ги изнесуваат своите претпоставки и коментари. „Дали странските конструктори навистина ја украдоа идејата од руските безбедњаци?”
„Рускиот народ е талентиран, снаодлив и креативен. Со минимални средства и можности нивните креации се пред своето време. Само кога помалку би ни пречеле“, напиша @ZTL2L4RcPaoyqvD.
„Нашиот навистина има оклоп“, иронично забележува @warlocktlt.
„Возилото на ЦСН изгледа помоќно и поагресивно. И ми се чини дека сајберпанк-стилот е многу подоследно применет”, смета @sergeyva72.
Во текот на презентацијата на џипот Tesla се случи непријатен инцидент. Основачот на компанијата Илон Маск изјави дека возилото е исклучително отпорно на сите надворешни дејства. За време на тестот џипот добро ја помина проверката за стабилност на каросеријата, но му пукна непробојното стакло, пренесуваат медиумите.