Новите руски оружја кои ја одбележаа 2018 година (ВИДЕО)

Russia Beyond-Македонија ви ги претставува новитетите на руската воена индустрија во годината што заминa.

Првиот подводен дрон „Посејдон“

„Посејдон“ е нов подводен дрон кој може практично бесконечно да кружи по морињата и океаните благодарение на својот нуклеарен погон.

Според претседателот на Руската Федерација Владимир Путин тоа ќе биде нечуен робот кој ќе може да се приближи на целта, движејќи се речиси по морското дно.

„Би споменал дека се движи на мошне големи длабочини, има интерконтинентален дострел, повеќекратно поголема брзина од подморниците, од најмодерни торпеда, па дури и од најбрзите бродови“, рече рускиот претседател во Москва за време на обраќањето до Федералното собрание во март годинава

Како што истакна Путин за време на својот говор од први март, денес на светот нема средство кое би можело да се спротивстави на ваков систем.

Според мислењето на стручњаците, „Посејдон“ е резултат на истражувачката работа на проектот „Статус 6“, задолжен за подводни оружја за масовно уништување.

„Веројатно тоа е развој на советски проект. Подводниот робот мора да биде во состојба тивко до брегот на непријателот да донесе кобалтна бомба чија детонација предизвикува цунами кое може моментално кој било мегалополис“, вели за ТАСС воениот експерт Виктор Литовкин.

Според него, последиците од експлозијата на кобалтната бомба е слична на оние што настануваат под дејство на нуклеарна боева глава – земјата станува радиоактивна и неприкладна за живот на стотици километри околу епицентарот на експлозијата.

Првиот роботизиран „пиштол“ на руската војска

На саемот за вооружување „Армија 2018“ концернот Калашников на светот му го претстави својот борец со вештачка интелигенција кој личи на пиштолите со двојни цевки од играта „Команд енд конкр“.

Вештачката интелигенција на роботот на „Калашников“ е изградена врз основа на невронски мрежи и може самостојно да учи и да се развива во текот на работата. Така пиштолот со цевки со калибар од 12.7 милиметри може независно да детектира и да препознае цели, како и да утврди приоритет на нивната важност, а потоа да ги уништи една по една, според нивото на заканата. На пример, прво ќе „изрешети“ оклопен транспортер со еден куп борци во него, а дури потоа ќе „лови“ поединечни цели на боиштето.

Притоа, ништо не го спречува човечкиот фактор да ги исклучи функциите на вештачката интелигенција и да преземе контрола врз огнот додека машината ги прикажува целите на дисплејот.

Особеност на овој робот е и тоа што неговото дејство не е ограничено само на копнени цели како што се пешадијата или лесни оклопни возила, ами може да дејствува и против воздушни или поморски цели. Така, ова оружје може да стане мошне ефикасно средство во борбата против малите дронови кои станаа сериозна закана за време на борбите на коалициските сили предводени од страна на САД и на Русија на Блискиот Исток.

Ваквиот борбен модул може да се монтира и како „солочувар“ и како дел од група пиштоли обединети во мрежа за концентрирани акции. На пример, за обезбедување на цел сектор.

Нов оклопен ѕвер на ФСБ

Единиците за специјални операции на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го добија новиот оклопен транспортер „Фалкатус“.

Ова футуристичко возило ги опфаќа сите најсмели конструкторски решенија и ќе ги замени застарените армиски оклопни транспортери во градските акции.

„Фалкатус“ е изграден на платформата на „Камаз“ и има погон на сите четири тркала. Однадвор гледано возилото делува мошне агресивно.

Возилото има мотор со осум цилиндари од 17 литри. Силата на моторот надминува 700 коњски сили. Сево ова му дава на ова повеќетонско чудовиште да развива брзини до 200 километри на час и тоа со сите 12 борци со полна опрема.

Дизајнот на возилото овозможува заштита на екипажот од пешадиско вооружување како што се автоматските пушки и пушкомитралези, а предниот дел во облик на латинската буква „V“ го разбива ударниот бран од експлозијата на мини.

Возачот има три непробојни стакла пред себе. Поставени се под агол кој во определена мера ја намалува прегледноста пред возилото, но дава бонус во заштитата од противничките куршуми.

Врвот на возилото е изразено истурен. „Мртвите точки“ кои постојат поради тоа се покриени со дополнителни видеокамери кои му даваат на возачот целосна прегледност. Тоа е слично како со задниот сензор за паркирање.

Освен возачот, десантната единица од 12 борци ја покриваат страните на возилото. За нив на страните на возилото постојат пушкарници со прозорчиња од непробојно стакло за отворање оган од страните на возилото. Тие можат да ги покријат и „мртвите точки“ кај дното на возилото благодарение на вториот ред пушкарници кои се наоѓаат подолу.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња