Колун
Виталиј В. КузминПоследниве години во Русија се направени неколку модели оклопни возила за специјалните операции на вооружените сили и на Федералната служба за безбедност. Моделите се сèуште „сурови“ и засега е во тек нивното тестирање, но Владимир Путин веќе ги виде и ги оцени.
„Руска реч на македонски„ ви претставува три необични руски возила за специјална намена кои најмногу му се допаднаа на рускиот претседател.
Теренското возило со фантастичен изглед, кој на 26 февруари на Путин му го покажа директорот на ФСБ Александар Бортников, го носи работниот назив Фалкатус, што значи „свиен во облик на срп“.
Фалкатус е малку сличен на холивудскиот Бетмобил, но станува збор за сериозно теренско возило за специјални операции за тајните служби. Првите снимки на ова возило блогерите ги направија уште на почетокот на 2012 година на еден полигон во близина на Москва. Уште тогаш се знаеше дека возилото тежи 12 тони, дека е поставено на шасија од рускиот камион Камаз и има посебен облик на каросеријата која е одлична заштита од експлозии. Може да се каже дека Фалкатус е антидиверзантско возило.
Тој развива брзина од 110 километри на час, што е многу за едно оклопно возило, а неговиот страничен оклоп не може да биде пробиен од куршуми со калибар 7.62 мм (меѓу другото, овој калибар го има новиот модел на автоматот Калашников). Предното панцир-стакло може без оштетување да издржи погодок од граната исфрлена од рачен фрлач.
Внатрешноста на Фалкатус е исто така необична за оклопната техника од руско производство: војниците (10-12 лица) седат свртени со грб еден спрема друг и можат од оклопното возило да отворат оган во сите правци.
Очигледно е дека Фалкатус има голема корист од четиригодишното тестирање, зашто сега веќе му е покажан на рускиот претседател, а тоа значи дека армијата најверојатно ќе го добие мошне брзо.
Уште едно оклопно возило од иднината буквално се појави од никаде. Дизајнерот Олег Шапкин го има нацртано во рамките на конурсот „Борбено транспортно возило на 21 век“, одржан во 2014 година. Не требаше многу време нацртот да стане реалност.
Веќе кон крајот на 2014 година возилото „полно со агли“ беше направено на шасијата на цивилниот камион ЗИЛ-131. Колун е веднаш направен во две варијанти: 6х6 и 4х4. Тежок е 9 тони и опремен е со заштита од мини и од куршуми.
Според замислата на конструкторот, возилото ќе се користи како оклопен транспортер за превоз на 16 лица. Колун сè уште се тестира и ги чека своите нарачатели.
„Торос“ (Фото: Виталиј В. Кузмин)
Торос е второто дизајнерско „чедо“ на Олег Шапкин, и е помлад брат на Колун. Поставен е на истата шасија, а и нивото на заштита воопшто не се разликува од својот „постар брат“. Разликата е во тоа што Торос се нуди во три варијанти: како командно возило, како амфибија и како санитарно возило
Претставниците на компанијата „Интрал“, која ги произведе обете возила, велат дека засега нивните производи не се нарачани од страна на Министерството за одбрана, ниту некоја друга структура, иако интерес за овие две необични возила постои (и во Русија, и во странство).
И Владимир Путин се заинтересира за овие „учтиви“ оклопни возила (како што се нарекуваат Колун и Торос, по аналогија со популарниот назив на руските специјални единици кои учествуваа во соединувањето на Крим со Русија). „Со помош на учтивоста и оружјето може да се постигне многу повеќе одошто само со помош на учтивоста“, изјави Путин по смотрата на овие возила на изложбата која кон крајот на ноември 2014 година ја организираше Општорускиот народен фронт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче