ФСБ доби нови оклопни транспортери за градски операции

Макс Ветров/Sputnik
Оклопното чудовиште „Фаљкатус“ може да се користи за офанзива на згради и за уништување терористи од отвори на страната на возилата.

Единиците за специјални намени на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во следните години ќе добие нови оклопни транспортери „Фаљкатус“.

Футуристичкото возило ги отелотворува некои од најсмелите конструкторски решенија и ќе ги заменат застарените армиски оклопни транспортери кои моментално се користат низ градовите.

За какво возило се работи

Фаљкатус е изграден како платформа на КамАЗ и има погон на сите тркала. Однадвор гледано, возилото делува мошне агресивно.

Оклопникот поседува мотор од 17 литри со осум цилиндари. Неговата сила надминува 700 коњски сили. Сево ова му овозможува повеќетонското железно чудовиште со екипаж од 12 војници да развие брзина од 200 километри на час.

Конструкцијата на возилото му дава на екипажот заштита од автоматски пушки и митралези, а неговиот стомак во облик на латинската буква „V“ го разбива ударот на експлозијата од нагазни мини.

Возачот има три прозорци од непробојно стакло. Се наоѓаат под одредени агли кои во определена мета го намалуваат видокругот, но нудат бонус при одбранат од непријателските куршуми.

Покрај тоа, врвот на возилото е забележително истурен напред. Тука „мртвите агли“ ги покриваат специјални телевизиски камери кои на возачот му нудат целосен преглед пред возилото. Принципот на работа е сличен како кај задните сензори за паркирање.

Заедно со возачот, десантна трупа од 12 луѓе ја набљудува околината од страната на возилото. За нив од страната постојат шпионки со непробојно стакло, како и отвори за дејство со пешадиско вооружување. Притоа „мртвите агли“ покрај дното на возилото војниците исто така можат да го „покријат со оган“ од вториот ред кој се наоѓа покрај дното.

За митралесците постојат два сектори на оган – отвор на задната врата и покривен отвор низ кој може да се излезе за дејствување.

Другиот дел од екипажот може да се десантира низ петте врати, од кои две на страничниот дел од возилото и една на задната страна. Вратите се отвораат на различни начини за да може да се овозможи заклон од вкрстен оган.

Погледнете 3 „бетмобили“ на руската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња