Видео: За време на пресметка со терористи ФСБ го употреби мистериозното оклопно возило „Фаљкатус“

Youtube
Со ова возило се опремени специјалните антитерористички единици на ФСБ. Тоа се карактеризира со футуристички дизајн благодарение на кој го нарекуваат и „бетмобил“, „луноход“ итн. Возилото има погон на сите четири тркала и може да оствари брзина од дури 200 километри на час.

Националниот антитерористички комитет на ФСБ соопшти дека за време на антитерористичката операција во Кизиљрутскиот регион се ликвидирани три лица. Станува збор за припадници на терористичка група која е откриена во селото Султан-Јурт, пренесува Интернет-порталот maarsonline.

Во текот на операцијата припадниците на СпН користеа борбени роботи и блиндирани возила. Беше забележана употребата на оклопниот автомобил „Фаљкатус“ кој е карактеристичен по своите димензии, но и по застрашувачкиот изглед. Исто така, применети се и оклопни средства кои се направени врз база на камионот Урал. За време на самата операција, специјалните единици на ФСБ употребиле и голем број гранати со калибар од 40 милиметри, како и рачни бомби,

За рускиот „Бетмобил“ постојат многу малку податоци

Станува збор за мистериозно возило кое го има направено специјализираната компанија ЗАО „Форт технологија“ која е директно поврзана со ФСБ. Се претпоставува дека возилото е направено врз база на КамАз-4911.

Кога станува збор за самата структура и за квалитетот на неговата оклопна заштита не постојат достапни податоци. Возилото кое личи на „бетмобил“ го движи исклучително силен мотор, кој му овозможува да оствари максимална брзина од дури 200 километри на час.

Воените експерти сметаат дека во возилото можат да се транспортираат до 10 специјалци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња