Путин ја карактеризира руската вакцина против ебола како најефикасна на светот

Reuters
Претседателот на РФ Владимир Путин ја карактеризираше руската вакцина против ебола која им се испорачува на африканските земји како најдобрата на светот.

„Успешно e воспоставена соработка за борба против оваа опасна заразна болест. Нашата земја беше меѓу првите кои реагираа на епидемијата на ебола, издвојувајќи над 60 милиони долари за борба против неа. Треба да се каже дека вакцината се покажа како многу ефикасна, и според мене најдобра во светот“, рече Путин на пленарната сесија на економскиот форум „Русија-Африка“, пренесува РИА „Новости“.

Болеста на вирусот ебола е акутна вирусна инфекција од која заболуваат луѓето и некои животни. Епидемијата на ебола ја зафати западна Африка во 2015 година, погодувајќи пред сѐ три земји - Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Според податоците на Светската здравствена организација, во текот на последната голема епидемија на вирусот ебола биле заразени 28,6 илјади луѓе, а над 11,3 илјади починале.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња