„Гром-2019“: Руската војска на вежби ќе истрела 16 крстосувачки и балистички ракети

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во текот на вежбите на руските стратешки нуклеарни сили „Гром-2019“ ќе бидат истрелани 16 крстосувачки и балистички ракети, меѓу кои и ракети „Булава“ и „Синева“. Во вежбите ќе учествуваат десет аеродроми.

Ова на брифингот за странските аташеа го изјави вршителот на должноста началник на Главната управа за меѓународна воена соработка на Министерство за одбрана на Русија генерал-мајор Евгениј Илин. Тој рече дека во вежбите учествуваат три руски воени окрузи (Централниот, Западниот и Јужниот), како и Северната флота, пишува РИА „Новости”.

Крстосувачките ракети ќе бидат истрелани во правец на два полигона: Чижа и Кура. Кон првиот ќе бидат истрелани две балистички ракети РСМ-50, а кон вториот балистички ракети „Јарс” и „Синева”. Ракетите базирани на море ќе бидат истрелани од пет мориња.

Во понеделникот, 14 октомври, Одделението за информации и медиуми на Министерството за одбрана на Русија додаде дека стратешките командно-штапски вежби „Гром-2019“ ќе се одржат од 15 до 17 октомври. Во нив ќе учествуваат околу 12 илјади војници, 213 лансери, пет подморници и 15 бродови, како и 105 авиони, вклучувајќи пет стратешки бомбардери.

Прочитајте повеќе: Погледнете удар на ракета лансирана од системот „Искандер-М“ (ВИДЕО)